Нов скутер од Honda: Forza 125

Honda Forza 125 е комплетно нов модел, со спортска линија, динамичен и модерен дизајн, комотно седење и одлична ергономија. Ветробранот може лесно и брзо да се намести во положба што е соодветна за возење во град или на автопат. Под клупата има простор за одлагање со зафатнина од 48 литри што е доволно за сместување на два интеграли шлема. Во преградата напред има приклучок за 12 волти, а предното и задното светло се изведени со светлечки диоди.

Четиритактниот едноцилиндарец од 125 сантиметри кубни е комплетно нов, со четиривентилска техника и моќност од 14,3 КС при 8.750 вртежи, додека вртежниот момент изнесува 12 Nm при 8.250 вртежи. При развојот е посветено посебно внимание на рамномерното ослободување моќност во целото работно подрачје, а со мери за намалување на триењето е постигната економична потрошувачка на гориво од 2,3 литри на сто километри.

Стабилната шасија овозможува сигурно држење правец и лесна управливост, со што Forza 125 е на свој терен и на автопат и во градски метеж. Телескопска вилушка со пречник од 33 милиметри напред и двојна осцилирачка вилушка назад гарантираат комфор, заедно со големите тркала (15 инчи напред, 14 инчи назад). Диск сопирачки има напред и назад, во комбинација со систем против блокирање за дополнителна безбедност при ненадејни ситуации или при влажен асфалт. Со доплата може да се добијат грејачи во рачките на воланот, носачи за багаж или посебно бојадисан топ-бокс со волумен од 35 литри.

Стабилната челична рамка, големите тркала и меѓуоскиното растојание од 1,49 метар гарантираат безбедни возни својства во сите услови. Техничарите на Honda се погрижиле и за солидна доза на комфор. Напред работи телескопска вилушка со пречник од 33 милиметри, додека задната алуминиумска вилушка користи два амортизера со седумс тепени на дотерување. Избалансираната распределба на тежината, ниското седење и оптимално поставените дршки на воланот одат во прилог на лесното маневрирање со Forza 125. За лесната управливост придонесува и ниската тежина од 162 килограми. Големи алуминиумски бандажи го комплетираат подвозјето. Предното тркало има гуми 120/70-15, а назад е монтирана гума со димензија 140/70-14. Forza 125 сопира со предна диск сопирачка со хидраулично активирање и пречник од 256 милиметри, додека назад е монтиран диск од 240 милиметри.

Претходна објаваDacia Duster Pickup по специјална нарачка
Следна објаваToyota Prius+ стартува со полни батерии во новото моделско годиште

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here