Нов модел од култната марка: Vespa Sprint

Точно во почетокот на пролетта, италијанскиот специјалист Piaggio го претстави новиот модел на Vespa.

Расте семејството на култниот скутер од Италија. Новата Vespa Sprint е верзија што произлегува од неодамна претставената Vespa Primavera. Целна група на моделот се „млади и млади во срце“, соопштува производителот Piaggio. Скутерот се тркала на алуминиумски бандажи од 12 инчи и достапен е во цела, црвена, црна, сина или жолта боја. Sprint е препознатлив по правоаголното предно светло.

За новата Vespa Sprint стојат на располагање три мотори. Едноцилиндарскиот 4-тактен мотор од 125 кубици со 3 вентили по цилиндар и електронско впрскување на бензинот е најсилната варијанта. Основната изведба вози со двотактен мотор од 50 кубици. Цените и техничките податоци уште не се објавуваат.

Претходна објаваHyundai продаде 6.000.000 автомобили во Европа
Следна објаваНаддавање за Volvo од 1987 година со 200 поминати километри