Најмногу електрични автомобили лани се регистрирани во … Кина!

Кина е најголем пазар за автомобили во светот, но и најголем пазар за автомобили на струја. Дури 188.000 возила со електричен погон и плагин-хибриди биле продадени во земјата лани.

Кинескиот пазар во моментов има најголема заслуга за глобалниот раст во продажбата на електрични автомобили. Во 2015 година, бројот на продадени електрични и плагин-хибридни автомобили во земјата се зголемил трипати во споредба со преклани, со вкупно 188.000 примероци.

САД бележат пад од три проценти, со 115.000 возила и мал раст во продажбата на чисто електрични возила, а голем пад во продажбата на плагин-хибриди. Најголем пазар за електромобилноста во Европа е Велика Британија со 28.000 продадени возила, пред Франција со 27.000 и Норвешка со 25.000 возила. „Автонацијата“, Германија, заостанува со 23.500 регистрирани електрични возила лани.

Експертите оценуваат дека големиот раст во продажбата во Кина се должи на даночните олеснувања за електричните возила и консеквентната државна политика за поддршка на електромобилноста. Државата од една страна го субвенционира купувањето возила на струја, а од друга страна помагаат големите градови како Шангај или Пекинг, со поттикнување на продажбата на електрични возила. Градовите одредуваат колку регистрации ќе издадат за возила со конвенционален погон, додека ова ограничување не важи за електромобилите и плагин-хибридите. Најголемиот дел од електричните возила на кинескиот пазар се од локално производство.

Претходна објаваНа DeLorean му се врати иднината
Следна објаваИздувен лонец од Porsche 911 GT3 како озвучување за дневната соба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here