Музејот на Porsche ечеше од звукот на моторите во 2015

Повеќе од 440.000 посетители регистрирал музејот на Porsche во Штутгарт во годинава што изминува. Музејот е отворен пред пет години, половина од посетителите се странски туристи.

Во 2015 година, музејот на Porsche регистрирал над 440.000 посетители, што е за нови осум проценти повеќе отколку лани. Од отворањето во 2009 година, оваа неизоставна атракција за љубителите на спортската марка привлекла 2,9 милиони посетители, од коишто половината се странски туристи.

Во 2015 повторно ечеа звуците од моторите на историските модели на Porsche во музејот во Штутгарт
Во 2015 повторно ечеа звуците од моторите на историските модели на Porsche во музејот во Штутгарт

Музејот се наоѓа во непосредна близина на погоните за производство на Porsche во Цуфенхаузен и нуди најразновидни содржини, од историски возила, преку музејска работилница, до комплетен архив. Од пред една година, тука може да се оствари и сонот за возење Porsche. Годинава над 2.500 ентузијасти ја искористиле оваа можност за изнајмување на возила од актуелната понуда на модели на марката. Две третини од резервациите за тест-возењето пристигнале од странство.

Настан на годината за музејот на Porsche беше откривањето на уметничкиот објект „Инспирација 911“. Скулпутурата е изработена од три столба, на чии што врвови високи до 24 метри се наоѓаат два историски и еден актуелен модел на Porsche 911. Ниту љубителите на мотоспортот не останаа заборавени. Музејот беше отворен цели 33 часови, за преносот во живо од 24 часа Леман. Поранешни возачи на оваа маратонска трка ги претставија историските автомобили од Леман пред 20.000 посетители.

За време на „Ноќта на звуците“, ечеше во музејот, од звуците на моторите на тркачките модели од Porsche 911, кои инженерите и поранешните тркачи ги стартуваа пред публиката. Историските возила на Porsche излегуваа и надвор од музејот. На најразлични историски настани, тркачките болиди на Porsche се појавија над 550 пати, вклучувајќи само 50 појавувања на легендарниот Porsche 959 во знак на одбележување на јубулејот на овој модел.

За претстојната година се најавува „40 години трансаксијално“, на 27-ми април 2016, како потсетување на моделите 924, 968, 926 и 944. Половината од 23-те експонати што ќе се изложат, за првпат се изнесуваат од музејската збирка и се прикажуваат пред јавноста. Дел од овие возила претходно ќе се појават и на релито со олдтајмери Ретро Класикс, во средината на март. На 18-ти март 2016 стартува специјална презентација „Фасцинација спотски автомобили. Иднина на перформансите“, којашто ќе се одржи во Форумот на Volkswagen во Берлин, со седум историски, актуелни и идни модели.

Во претстојната година ќе се прошири и музејскиот концепт. Од следната пролет ќе биде поставен нов мултифункциски ѕид во музејот, на којашто посетителите ќе можат да ги гледаат и слушаат историските и актуелните модели на Porsche.

Претходна објаваLada со нови ветришта во логото на марката
Следна објаваНајважните новитети во 2016: За вишок грст долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here