Врвниот готвач Марио Котаска подготви говедски бифтек на топлината на моторот на тркачкиот Lexus IS F CCS-R за време на 24-часовната трка во Нирбургринг. Тоа е специјалитетот „Филет Нордшлајфе“.
На кружната патека со должина од 25,4 километри околу Нирбургинг, врвниот готвач Марио Котаска испече совршен „Филет Нордшлајфе“ на топлината на моторот на тркачкиот Lexus IS CCS-R, додека автомобилот учествуваше на 24-часовната трка. На оваа легендарна патека со 73 свијоци и нагорнини и до 18 проценти, позната под имињата „Нордшлајфе“, „Северен јазол“, „Зелениот Пекол“, Котаска зготви говедски бифтек користејќи ја само топлината на моторот. За време на престојот во боксовите, просторот за мотор достигнуваше температури за пржење на бифтекот, додека во трка, парчето месо се крчкаше на температури под 80 степени Целзиусови.
Шефот Марио Котаска го спакува говедскиот бифтек во алуминиумска фолија и го прицврсти на моторот на тркачкиот Lexus. По три круга требаше да се преврти бифтекот и да се додадат шпаргли, за по уште два круга да се добие средно печен „Филет Нордшлајфе“.
Целиот процес на подготовка и резултатот можете да го погледнете на видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=fgaoIW3eyEM
















