Милион долари за „фолксвагенот“ на претседателот на Уругвај

79-годишниот Хозе Мухика е „најсиромашниот претседател во светот“

Арапски шеик понуди еден милион американски долари за „фолксвагенот буба“ на претседателот на Уругвај, Хозе Мухика.

Дневниот печат во Уругвај синоќа објави дека арапски шеик понудил еден милион долари за 27-годишната „буба“ на претседателот. Мухика и претходно има добивано понуди за неговиот автомобил, но ова е неспоредливо најголемата понуда досега. Печатот пишува дека претседателот овојпат веројатно ќе ја прифати понудата и ќе го донира милионот долари во изградба на социјални станови. Скромниот 79-годишен претседател живее без каков било луксуз и се смета како „најсиромашен претседател во светот“.

Претходна објаваGlobal NCAP бара итно повлекување на Datsun Go
Следна објаваAudi со „амплифицирана“ верзија на малечкиот A1

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here