Луксузна изведба на Renault Clio со доплата од 3.300 евра

Во нивото Initiale Paris се добива двапати повеќе опрема отколку при одделно нарачување од дополнителната опрема

Французите го насетија трендот дека возачите се префрлуваат на помали автомобили, но не сакаат да се откажат од луксузот во поголемите. За нив е наменете изведбата Clio Initiale Paris.

Како што најави пред една година со студијата прикажана на салонот во Франкфурт, Renault од есенва стартуваше со луксузното ниво на опрема Initiale Paris во своите модели. Прв модел што е достапен во ова ексклузивно ниво е Clio, со цена на францускиот пазар за 3.350 евра над досега највисокото ниво на опрема во гамата на моделот, односно 21.500 евра во изведба со 1,2-литарски турбобензинец со 90 КС и 25.200 евра со дизел со истата моќност.

Clio Initiale Paris однадвор се разликува од стандардните модели по ксенонските предни светла, специфичниот дизајн на задниот браник, хромираната издувна цевка, алу-бандажите од 17 инчи, затемнетите задни прозорци и ретровизорите во посебна црна боја. Зад вратите се покажува полниот луксуз на Initiale Paris: Мека телешка кожа на седиштата, педали од алуминиум, како и арматурна табла и врати исто така обложени со кожа. За сопствениците на скапата верзија на Clio ќе се нудат и посебни сервисни услоги, меѓу другото и приоритетно закажување на сервисирање или телефонска поддршка при проблеми со возилото.

Продажбата на Clio Initiale Paris ќе започне в година, а дотогаш Renault ќе го лансира врвното ниво и во неколку други модели, иако засега уште не се посочува точно за кои модели ќе станува збор. Со воведувањето на врвното ниво, Renault им се спротивставува на марката DS на Citroen, како и на идната серија модели со луксузна опрема Vignale на Ford. И купувачите профитираат од воведувањето на Initiale Paris, ако се има во предвид дека одделното нарачување на само дел од ставките би чинело двапати повеќе.

Претходна објаваНаскоро Golf GTD R со супердизелот од Passat?
Следна објаваАвтомобили што не се забораваат: Alfa Romeo 155 Q4

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here