Лани во светот отворени 54 нови станици за точење водород

Со новоотворените станици во текот на ланската година, светот во моментов располага со вкупно 214 станици на коишто може да се полни водород како погонско гориво. Европа располага со најширока инфраструктура за горивото на иднината.

Во текот на минатата година низ светот се отворија 54 нови станици за точење водород, со што нивниот број на глобално ниво достигна 214 станици. Од новоотворените станици, 48 се достапни за приватни корисници, додека останатите се наменети за компаниите што располагаат со возни паркови од возила со погон на водород, вклучувајќи ги и претпријатијата за јавен превоз.

stanica vodorod germanijaНајмногу нови станици лани се пуштени во работа во Јапонија, вкупно 28, потоа следи Европа со 19 станици, од кои четири се наоѓаат во Германија. Со тоа, вкупниот број на станици за точење водород на „автонацијата“ моментно изнесува 34 станици, од кои 21 се достапни јавно. Од седумте нови станици во САД, сите се наоѓаат во Калифорнија и сите се достапни и за приватните корисници.

Според последните сознанија, Европа ја презема преводничката улога во развиеноста на инфраструктурата за водород со вкупно 95 станици, потоа следат 50-те станици во САД, една во Јужна Америка и Австралија, како и 67 во Азија. Од вкупно 214-те станици, 121 се достапни јавно. Моментно се планирани за пуштање во работа уште 104 локации, од кои 64 во Европа, 35 во САД и пет во Јапонија.

Претходна објаваПроизведен првиот примерок од новата класа Е на Mercedes
Следна објаваVolkswagen Caddy на метан вози сто километри за 160 денари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here