Купе-лимузината од серијата 4 на BMW доаѓа идното лето

Не остана празнина што BMW не ја пополни со модел. Баварците направија ван, некои модели ги префрлија на преден погон, сé е можно. Купе-лимузината од серијата 4 е следниот новитет.

Дополнителната ознака Gran Coupe укажува дека се работи за модел во стилот на истоимената варијанта од серијата 6, која на помалиот брат му ги позајмува и препознатливите дизајнерски белези. Во споредба со купето и кабриолетот, третата моделска варијанта во серијата 4 има меѓуоскино растојание продолжено на 2,92 метри и вкупна должина од 4,8 метри.

bmw_4_1_gran_3_big

Исто како моделот GT од серијата 3, купето со четири врати ја користи како основа продолжената верзија од моделот од средната класа на BMW, која што е наменета за кинескиот пазар. Од зголеменото меѓуоскино растојание произлегува поголема просторна понуда за патниците на задната клупа.

Продолжената „четворка“, што интерно се води како F36, ќе се произведува во фабриката во Динголфинг, а првите модели ќе им бидат испорачани на купувачите во средината на 2014 година. На стартот ќе се нудат само моделските изведби со посилни мотори. Палетата ќе стартува со 420d и 420i со по 184 КС, а врвот на скалата ќе го одбележи 435d со 313 КС.

Претходна објаваОвие модели задржуваат најмногу од вредноста
Следна објаваFord Fiesta е најпродаван малечок автомобил во првото полугодие

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here