Криза во Opel: Марката се повлекува од Русија

Opel и Chevrolet се повлекуваат од рускиот пазар до крајот на годинава. Неизвесна е реализацијата на планот, германската марка да ја врати профитабилноста до 2016 година.

Opel запаѓа во сé подлабока криза. Поради големиот пад во продажбата, марката е присилена да се повлече од рускиот пазар од когошто се очекуваше да придонесе многу во нејзиниот спас. Лоша е ситуацијата и за General Motors, поради тоа што и марката Chevrolet ќе мора да се повлече од пазарот до крајот на годинава. Според одговорните во Opel, овие мери се преземаат заради понатамошниот опстанок на марката на пазарот воопшто. Планот, Opel да се врати во профитабилната зона на работење, станува сé повеќе неизвесен.

Покрај тоа, мора да се работи и на планот Opel да го врати некогашниот удел на пазарот и од сегашните 6,7 проценти да достигне најмалку осум проценти до 2022 година, за производствените погони и дистрибутивната мрежа да работат рентабилно. General Motors планира во иднина да ги продава на рускиот пазар само моделите од марката Cadillac, како и американските икони на Chevrolet, како Corvette и Camaro, додека помалите и поевтини модели отпаѓаат.

Фабриката на General Motors во Ст. Петерсбург е затворена и до средината од годинава не се очекува повторно да стартува производството. Наскоро завршува и договорот за производство на возила од марката Chevrolet во GAZ. Во првите два месеца од годинава, продажбата на Opel во Русија се намали за неверојатни 82 проценти. Во 2013 година, Русија беше трет најголем пазар за марката од Риселсхајм, по Германија и Велика Британија.

Претходна објаваMini Cooper го спасува светот во новата комедија „Пикселс“
Следна објаваVolkswagen ќе го претстави новиот Transporter на 15-ти април

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here