Концернот Fiat Chrysler преоѓа во моделска офанзива

Кога производителите најавуваат моделска офанзива, обично завршува како издишан балон. Но, тоа што го подготвува концернот Fiat Chrysler е нешто што одамна не се случило во браншата.

Шефот Серџо Маркијоне успешно го водеше концернот Fiat Chrysler низ кризниот период. Сега првиот човек на италијанско американскиот гигант планира да напаѓа на пазарот. Во следните пет години ќе се појават голем број нови модели од марките на концернот. Најголемата трансформација ќе се случува во марката со змија отровница во логото, со Alfa Romeo. Италијанците планираат да ја зголемат продажбата за повеќе од пет пати до 2018 година, со 400.000 возила годишно. За тоа да се случи, миланската марка ќе добие поголема самостојност, со дури осум нови модели. Веќе в година ќе се појави кабриолетот од спортскиот 4C, а кон крајот на 2015 ќе следува и долгонајавуваниот нов модел од средната класа. Потоа ќе стартува и продажбата на два нови модела од компакт класата, уште еден модел од средната класа, како и на два модела на теренски возила. Покрај тоа, ќе има и нова генерација на AlfaSpider, развиена заеднички со Mazda.

Моментно Alfa има само три модели во салоните: Giulietta во компакт класата, Mitoкако конкурент на Mini и спортското купе 4C, коешто направи многу за имиџот на марката, но само малку за продажбата.

Главната марка на концернот во Европа, Fiat, исто така ќе се впушти во моделска офанзива. Во 2015 година стартува мини спортскиот теренец 500X, како дополнителна понуда во семејството на трендовскиот модел Fiat 500, а веќе во следната година ќе се појави и новиот модел од компакт класата. Наследникот на Bravoќе дебитира како лимузина, за по неа да следат комбилимузинската и комби изведбата. Во 2017 година ќе се појави и компактниот теренец на Fiat. Новиот Puntoдоаѓа во 2016 година, нова Pandaво 2018 година. Италијанците ќе се повикаат и на славните времиња, со компактен спортски модел.

Марката од Торино ќе биде активна и со претставување на нови модели за растечките пазари во Азија и Јужна Америка. Планот е марката Fiatда ја зголеми продажбата на 1,9 милион возила до 2019 година. Лани беа продадени 1,5 милион возила со знакот на Fiat.

Љубителите на спортските марки Мaseratiи Ferrariисто така ќе имаат причини за радување. В година стартува теренецот MaseratiLevante, а една година подоцна и AlfieriCoupe, за во 2017 година да следува и неговата верзија со отворена каросерија. Актуелниот GranCabrioќе се повлече од понудата на модели, додека неговиот технички близнак GranTurismo ќе добие наследник во 2018 година. Ferrariне открива детали околу новитетите, туку само најавува дека секоја година ќе претставува по еден нов модел на пазарот.

Важна задача во визијата на Маркијоне има марката Jeep. На специјалистот за теренски возила во иднина му претстои големо проширување надвор од пазарите во САД. Уште во текот на оваа година ќе се појави мини теренецот Renegade, на заедничка основа со Fiat 500X, а во 2016 година претстои премиера на компактен спортски теренец.

Плановите за останатите американски марки на концернот не се толку важни за пазарот во Европа. Меѓу најинтересните новитети ќе биде компактниот модел Chrysler 100, чија продажба ќе стартува во 2016 година, како и новата генерација на бизнис лимузината Chrysler 300, најавена за 2018 година. Спортскиот модел Viper, којшто досега се продаваше под марката SRT, во иднина повторно ќе го носи знакот на Dodge.

Марката со долга традиција, Lancia, во плановите на Маркијоне се спомнува само површно. Очигледно е дека шефот не отстапува од планот да ја нуди марката само на италијанскиот пазар.

Претходна објаваГалерија: 12-ти собир на автомобилски тјунери на Боденско Езеро
Следна објаваRolls-Royce не планира самостојно производство на моторите од BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here