Комбито на Dacia добива изведба Stepway

Моделските изведби во стил на теренец на Dacia уживаат голема популарност во понудата на романската марка. Досега единствено комби изведбата од Logan не се нудеше во изведбата Stepway. На салонот во Женева конечно пристига и Logan MCV Stepway, во впечатливиот теренски стил. Подвозјето на комбито е подигнато за пет сантиметри, со што сега на располагање стојат 17,4 сантиметри растојание од подлогата, повеќе од доволно за повремени излети надвор од асфалтот.

Магленките се поставени во хромирана рамка, додека страничните прагови и арките на крилата се изведени во црна боја заради контраст. На тоа се надоврзуваат куќишта на ретровизорите и носач за багаж на покривот во финиш на темен метал, како и задолжителните натписи Stepway на предните врати.

Dacia Logan MCV Stepway 2

Опашот исто така го следи стилот на теренците и става дополнителен акцент со четирите правоаголни сегменти во затемнетите задни светла. Изгледот на новата моделска изведба го комплетираат бандажи од 16 инчи со посебен дизајн, како и ексклузивните бои азурно сина и темно кафена. Соодветно е облагороден и ентериерот.

Dacia Logan MCV Stepway 3

Во стандардната опрема меѓу другото спаѓа систем за помош при поаѓање на нагорнина. Од погонски единици се нуди трицилиндарски бензинец со турбонатполнење и 1,5-литарски дизел.

Претходна објаваПред 125 години е патентиран дизел моторот
Следна објаваБеспилотни болиди за првпат на трката во Формула Е во Буенос Аирес

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here