Грижата околу лакот на возилото за повеќето возачи се сведува на редовно миење во автоматска перална. Но, со повремено полирање може да се постигне многу повеќе за зачувување на лакот на возилото.
Редовно миење на возилото во текот на целата година е важно заради отстранување на зимската сол што е насобрана на повеќе места и ги нагризува каросеријата и деловите од подвозјето, но и заради отстранување на остатоците од смола и птичји измет за време на летото, коишто исто така можат да му наштетат на возилото. Но, исто така е важно лакот на возилото повремено да се обработи со политура, со којашто дури и кај избледените лакови може да се постигне нов сјај што ќе трае неколку месеци. Покрај тоа, со средството за полирање се измазнуваат и ситните гребаници коишто се последица од миењето во автоматска автоперална.
[quote_box_left]Со малку трпение и труд може и рачно да се постигнат впечатливи резултати од полирањето, без потреба од плаќање професионален сервис.[/quote_box_left]
Германскиот институт за техничка контрола тестираше десет средства за рачно полирање со цена меѓу десет и 30 евра. Тестирањето беше извршено на Fiat Cinquecento од 1996 година, со многу избледен лак и без модерен премаз од проѕирен лак, на којшто уште одамна му било дојдено време за освежување.
Победник на тестот е политурата A1 Ultima Show & Shine Polish од производителот Dr. Wack. Ова средство постигна најдобри резултати при чистењето и конзервацијата на лакот, што ја оправдува и повисоката цена во споредба со другите производи на тестот. Добра алтернатива е Sonax Xtreme Polish + Wax 3, посебно наменет за избледени, стари и неодржувани лакови. Поради пониската цена, производот на познатиот Sonax е оценет и како најисплатливо средство за полирање на тестот. Овие две средства спаѓаат во врвната група на тестот.
Со малку послаби оцени следуваат евтиниот Dr. Wacks A1 Speed Polish, Rot Weiss политура за висок сјак, Caramba политура за лак, Meguiar’s Swirl Remover, како и автополитурата од Sonax, којашто е поевтина од серијата Xtreme. Третата група средства за полирање ја сочинуваат Liqui Moly политура и восок, Nigrin Brillant Turbo и Armor All Ultra политура за висок сјај.
Тестирањето докажа дека политурите придонесуваат за значително подобрување на квалитетот на лакот и при рачна обработка. Стручната машинска политура сепак може да донесе уште подобри резултати.
Како се тестираа средствата за полирање?
Сите политури мораа да поминат низ 14-те точки од тестирањето, поделени во две категории. Во делот за оценување на чистењето и конзервацијата беше најважна ефикасноста на средството, односно степенот на освежување на бојата, рамномерноста во изгледот на обработената површина, потоа отстранувањето на гребаниците и враќањето на длабинскиот сјај. За оценувањето на сјајноста и чистотата по полирањето се користеше специјален оптички мерач. Потоа се оценуваше колку добро е конзервиран лакот, односно како водата истекува од површината на каросеријата. Важно е овој заштитен слој да остане и по повеќе пребришувања на лакот.
Во категоријата за квалитетите во практиката се оценуваше употребата на производите, односно отсуството на миризба, разбирливоста на упатствата за користење и наведените предупредувања во нив, херметичноста на пакувањето и заштитата од деца.
Дозирањето на средствата зависи меѓу другото од агреатната состојба и од самото пакување. Премногу течните или премногу тегавите средства го отежнуваат дозирањето, исто како и преголемите отвори на амбалажите. Лесното размачкување на политурата, рамномерното нанесување и лесното отстранување на вишокот исто така зависат од конзистентноста на средствата.
Резултатите од тестот во детали:
Производи со особена препорака
| Dr. Wack A1 Ultima Show & Shine Polish | Sonax Xtreme Polish + Wax 3 | |
| Цена (во евра) | 29,95 | 17,49 |
| Содржина (ml) | 250 | 500 |
| Состојба | лосион | течност |
| Чистење/Конзервација | ||
| Длабински сјај | 40 | 35 |
| Освежување на бојата | 35 | 30 |
| Рамномерност | 30 | 35 |
| Отстранување гребаници | 45 | 35 |
| Сјајност | 38 | 38 |
| Чистота на сјај | 36 | 35 |
| Одбивност кон вода по 5 перења | 40 | 40 |
| Вкупно за поглавје 1 | 264 | 248 |
| Употреба | ||
| Упатство | 16 | 16 |
| Херметичност на амбалажа | 6 | 6 |
| Мирис | 10 | 10 |
| Дозирање | 8 | 10 |
| Размачкување | 20 | 20 |
| Лесно полирање | 14 | 20 |
| Бришење | 10 | 10 |
| Вкупно за поглавје 2 | 84 | 92 |
| Трошоци | ||
| Цена | 18 | 35 |
| Содржина на пакет | 10 | 0 |
| Вкупно за поглавје 3 | 28 | 35 |
| Вкупно бодови | 376 | 375 |
| Победник на тестот | Најисплатлив производ |
Производи со обична препорака
| Dr. Wack A1 Speed Polish | Rot Weiss политура за висок сјај | Caramba политура за лак | Meguiar’s Swirl Remover | Sonax AutoPolitur | |
| Цена (во евра) | 18,99 | 9,49 | 9,99 | 16,90 | 10,99 |
| Содржина (ml) | 500 | 250 | 500 | 450 | 500 |
| Состојба | лосион | лосион | течност | паста | лосион |
| Чистење/Конзервација | |||||
| Длабински сјај | 25 | 30 | 30 | 25 | 30 |
| Освежување на бојата | 15 | 20 | 20 | 25 | 15 |
| Рамномерност | 30 | 30 | 25 | 35 | 15 |
| Отстранување гребаници | 30 | 30 | 30 | 30 | 15 |
| Сјајност | 33 | 28 | 23 | 28 | 28 |
| Чистота на сјај | 21 | 23 | 24 | 13 | 16 |
| Одбивност кон вода по 5 перења | 35 | 35 | 35 | 35 | 35 |
| Вкупно за поглавје 1 | 189 | 196 | 187 | 191 | 154 |
| Употреба | |||||
| Упатство | 14 | 8 | 12 | 10 | 18 |
| Херметичност на амбалажа | 6 | 6 | 6 | 6 | 6 |
| Мирис | 10 | 10 | 10 | 8 | 10 |
| Дозирање | 10 | 8 | 6 | 10 | 10 |
| Размачкување | 20 | 20 | 20 | 20 | 20 |
| Лесно полирање | 18 | 20 | 16 | 16 | 16 |
| Бришење | 10 | 4 | 10 | 4 | 10 |
| Вкупно за поглавје 2 | 88 | 76 | 80 | 74 | 90 |
| Трошоци | |||||
| Цена | 34 | 34 | 38 | 34 | 37 |
| Содржина на пакет | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 |
| Вкупно за поглавје 3 | 39 | 34 | 38 | 34 | 37 |
| Вкупно бодови | 316 | 306 | 305 | 299 | 281 |
Производи со условна препорака
| Liqui Moly политура & восок | Nigrin Brilliant Turbo | Armor All Ultra Politur | |
| Цена (во евра) | 7,50 | 9,99 | 21,68 |
| Содржина (ml) | 500 | 300 | 500 |
| Состојба | |||
| Чистење/Конзервација | |||
| Длабински сјај | 25 | 10 | 25 |
| Освежување на бојата | 15 | 10 | 15 |
| Рамномерност | 35 | 35 | 20 |
| Отстранување гребаници | 15 | 25 | 15 |
| Сјајност | 18 | 13 | 18 |
| Чистота на сјај | 13 | 25 | 10 |
| Одбивност кон вода по 5 перења | 35 | 35 | 35 |
| Вкупно за поглавје 1 | 156 | 153 | 138 |
| Употреба | |||
| Упатство | 8 | 12 | 18 |
| Херметичност на амбалажа | 10 | 6 | 6 |
| Мирис | 6 | 8 | 8 |
| Дозирање | 10 | 8 | 6 |
| Размачкување | 18 | 16 | 20 |
| Лесно полирање | 16 | 14 | 20 |
| Бришење | 2 | 2 | 4 |
| Вкупно за поглавје 2 | 70 | 66 | 82 |
| Трошоци | |||
| Цена | 39 | 35 | 33 |
| Содржина на пакет | 0 | 10 | 0 |
| Вкупно за поглавје 3 | 39 | 45 | 33 |
| Вкупно бодови | 265 | 264 | 253 |
















