Клубовите на Ferrari со спектакуларен поздрав за шефот во заминување

Повеќе стотици „фераристи“ ја посетија фабриката во Маранело во чест на шефот во заминување Лука ди Монтеземоло. Во последните 15 години, Ferrari освои 14 шампионски титули во формула 1.

Најбројниот клуб на фанови на Scuderia Ferrari, клубот „Каприно Бергамаско“, со поддршка од останатите италијански здруженија го рашири огромното знаме во форма на срце со логото на Ferrari, коешто обично е дел од славеничкиот декор на трките во формула 1, меѓу другото и на последната трка во Монца. Џиновското знаме денес се појави пред фабриката во Виа Абетоне, додека фановите, од кои неколкумина имаа допатувано дури од Бразил и Канада, скандираа гласно: „Ти благодариме Лука, засекогаш ќе останеш во нашите срца.“ Посетителите и туристите го поздравија настанот со автомобилски сирени. Ди Монтеземоло постигна успех како никој пред него. Под неговото претседателство, во последните деценија и пол беа освоени 14 шампионски туитули во формула 1, а црвените болиди победија на 118 трки.

Претходна објаваПрво возење на Renault Twingo (2. дел): Што нуди конкуренцијата?
Следна објаваСпецијална серија на Range Rover Evoque за салонот во Париз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here