Кина ќе го промени изгледот на нашите автомобили: Mercedes G-Code

Кинезите сакаат светот да ги почитува како најголем автомобилски пазар во светот и производителите им излегуваат во пресрет. Но, што е со другите пазари?

Mercedes го затвори центарот за дизајн во Јапонија и отвори нов во Кина. Најголемиот пазар во светот почнува да развива сопствен вкус за автомобилскиот дизајн. Студијата на Mercedes го докажува тоа.

Доколку некоја автомобилска марка сака да има иднина, мора да ја има во предвид Кина. Само во првите девет месеци од годинава во Кина се регистрирани преку 13 милиони нови автомобили. Кина е најголемиот пазар за автомобили во светот и тоа нема да се смени ниту во следните неколку децении. Но, повеќе не се работи само за големи продажни бројки. Како што расте кинескиот пазар, така се зголемува и неговото влијание врз развојот на возилата и врз нивниот дизајн.

Паралелно со отворањето на новото дизајнерско студио во кинеската престолнина се затвори студиото во Токио, што претставува јасен сигнал за сменетите приоритети во светот на автомобилите.

Производителите на автомобили од западот инвестираат во развој и истражување, дури и повеќе од тоа што од нив го бара кинеската влада. Mercedes, на пример, вложи 13,5 милиони евра во нов центар

Дизајнерска студија посебно за отворањето на новиот центар во Пекинг
Дизајнерска студија посебно за отворањето на новиот центар во Пекинг
за истражување и развој во Пекинг. Во центарот ќе се приспособуваат разните електронски системи во возилото според локалните услови, почнувајќи од навигацијата па до работата на помошните системи, но во исто време ќе се работи и на дизајнот на иднината. Паралелно со отворањето на новото дизајнерско студио во кинеската престолнина се затвори студиото во Токио, што претставува јасен сигнал за сменетите приоритети во светот на автомобилите.

Посебно место за амајлиите

Влијанието на Кинезите се зголемува постојано и чекорот на Mercedes е сосема разбирлив. Кина сепак е најголем пазар за GLK и за класите Е и Ѕ. Логично е што марката се ориентира кон кинеските купувачи. Актуелната класа Ѕ беше развиена прво во продолжената верзија што ја преферираат кинеските купувачи, а дури потоа од неа беше изведена покусата варијанта што е вообичаена за Европа. Парфимирањето на кабината и разновидноста од бои за осветлувањето на внатрешноста исто така соодветствуваат првенствено на кинескиот вкус.

На производителите досега им се посреќи тоа што Кинезите сакаа европски автомобили. Но, тоа во иднина ќе се промени. Кинезите почнаа да развиваат сопствен вкус. Покрај тоа, постојат некои детали што се важни за секој купувач во Кина, особено во поглед на практичноста. Мора да постои место за хигиенски марамчиња, исто како и два или повеќе приклучока за полнење на мобилен телефон, но особено е важно да се предвиди место за амајлиите, коишто ги има во секој втор автомобил во Кина.

Во Кина владее мобилна манија – мора постојано да се биде на мрежа

Мора да се почитуваат и специфичните навики. Додека во Европа се пие првенствено вода или лимонада, Кинезите повеќе сакаат топли пијалоци во термос или во чаша. Секако дека за тоа мора да се предвидат поголеми и соодветни држачи. Препознавањето на таквите детали и нивната реализација во автомобилите ќе биде главна задача на тимот во дизајнерскиот центар во Пекинг.

Кинезите се зависници и од мобилните телефони. Тие мораат постојано да бидат на мрежа и телефонот да им биде пред очи. По половина век издвоеност од технолошкиот развој во светот, нормално е што кинескиот народ е зависник од новите технологии. Возраста на купувачите е следен фактор што мораат да го предвидат производителите. Клиентите на Mercedes во Кина, во просек се помлади за десет до 20 години отколку во другите региони во светот, па оттаму се различни и нивните барања и навики.

Кинезите сакаат светот да ги почитува како најголем автомобилски пазар во светот и производителите им излегуваат во пресрет

Специјално за свеченото отворање на центарот е развиена дизајнерската студија којашто ги опфаќа сите преференци на кинескиот народ. Теренецот со купе каросерија и име G-Code има маска што ја менува бојата, а во внатрешноста врие од технологија. Од кокпитот изгледува екран што доминира над целата табла, сензори во седиштата ги регистрираат сите параметри и соодветно ги местат климатизацијата, масажната функција во седиштата и дотокот на свеж воздух во кабината. Има неколку интересни детали и од технички аспект, на пример, микроскопските соларни ќелии во лакот на каросеријата. Пораката на Mercedes е јасна. Кинезите сакаат светот да ги почитува како најголем автомобилски пазар во светот и производителите им излегуваат во пресрет.

Претходна објаваШвајцарски електромобил крева стотка за помалку од 2 секунди
Следна објаваПрв полициски автомобил со погон на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here