И Renault Captur ќе пушти нога за фестивалот на танцот во Скопје

Renault Captur е предводник во продажбата на мини кросовери со близу 90.000 примероци за шест месеци

Кросоверот Captur му се погоди на македонскиот Renault. Трендовскиот модел на база на Clio се појавува на сите можни настани и се вклопува во секоја пригода. Овојпат Captur се придружува на прославувањето на танцот во Скопје.

Renault Captur ќе биде во служба на официјално превозно средство за јубилејното десетто издание на меѓународниот фестивал за современ танц „Танц Фест“, што се одржува од 12-ти до 25-ти април во Скопје. За целото времетраење на престижниот фестивал, Renault понуди специјален попуст за моделот што е актуелен носител на титулата „СУВ на годината во Македонија“, во висина од 10 проценти.

Изборот на Captur за автомобил што со својот имиџ ќе го придружува „Танц Фест 2014“ сигурно не е случаен. „Французите се познати по авангардата, а Renault со најновиот модел ја покажа својата модерна и во исто време практична страна, претставувајќи исклучително елегантен и благороден автомобил. Тој е прв градски кросовер што истражува нови територии во поглед на дизајн, удобност и опрема“, соопштуваат од Аутомотив Груп.

DSC0093

Претходна објаваToyota развива нова генерација на штедливи бензинци
Следна објаваПремиера на лимузинскиот Ford Focus на салонот во Њујорк

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here