Зелено светло за BMW M2

На љубителите на цивилните тркачки машини на MGmbH им останува уште малку време да потсоберат пари за најлутата верзија во серијата 2. Баварците потврдија дека M2 доаѓа наскоро.

Серијата 2 на BMW ќе биде крунисана со верзија со потпис на спортското одделение MGmbH, позиционирана над актуелниот топ модел M235i (на фотографијата). Познавачите на марката од Минхен веќе го гледаат M2 како духовен наследник на легендарниот MCoupe од серијата 1. За BMWM2 се планира нов мотор, веројатно шестцилиндарец со турбонатполнење и со моќност меѓу 370 и 380 КС.

Производството на M2 е планирано да почне кон крајот на следната година, за испораките да почнат рано во 2016 година.

Претходна објаваКонкурентот на Tesla се враќа како Fisker Surf
Следна објаваOpel ќе извезува на австралискиот пазар под марката Holden

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here