Експлозија во автомобил предизвикана од дезодоранс

Германските медиуми известуваат за експлозија во автомобил, предизвикана откако двете девојки во возилото солидно се напрскале во дезодоранс и потоа едната запалила цигара.

Со комбинацијата од дезодоранс и оган не се игра. Многумина уште како деца имаат пробано да го запалат спрејот од дезодорансот со запалка. Две млади девојки, на возраст од 19 и 21 година, скапо ги чинело незнаењето на опасноста на оваа комбинација. Нивната Opel Corsa експлодирала на паркинг во германскиот град Менезе.

Според полицискиот извештај, девојките се напрскале со дезодоранс, а помладата потоа запалила цигара. Сите стакла на возилото се распарчиле од експлозијата на смешата. Возилото е целосно уништено. Девојките сепак имале голема среќа и минале само со изгореници од прв и втор степен. Со користењето на дезодорансот се создала опасна смеша од гас и воздух во кабината. За смешата да се запали сепак е потребно да се задоволат неколку предуслови. Ако има премалку гас, смешата нема да се запали. Ако има премногу гас, пак не се случува ништо. Девојките ја имале несреќата да запалат цигара во најлошиот момент, кога биле исполнети условите за палење на смешата од гас и воздух.

Во минатата година исто така имало случај на експлозија во кабина, откако еден сопственик користел спреј за кокпит и исто така запалил цигара. Возилото било целосно уништено, човекот минал само со изгореници.

Претходна објаваМакедонија прска против прав, Германија со 30 милиони евра за филтри
Следна објаваAudi произведува гориво од издувни гасови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here