Европскиот пазар ја спасува глобалната продажба на Mazda

Mazda постигна искористи рекорд во продажбата во второто тромесечје од годинава, што најмногу се должи на одличната продажба на европскиот пазар. Наспроти тоа, Mazda на домашниот пазар продаде за една третина помалку возила.

Корпорацијата Mazda има нов рекорд во продажбата. Јапонскиот производител на автомобили во периодот од април до јуни годинава продаде 375.000 возила на глобалниот пазар – никогаш досега Mazda нема продадено повеќе возила за еден квартал. Рекордниот резултат во историјата на фирмата се должи најмногу на европскиот пазар, затоа што продажбата во Јапонија опадна за една третина.

Продажбата на Mazda во Европа се зголеми за фантастични 25 проценти

Главни мотори во продажбата во Европа се малечкиот кросовер Mazda CX-3 и новата генерација на родстерот MX-5. Во ЕУ, Турција и ЕФТА, јапонската марка продаде за една четвртина повеќе возила, односно 61.000 примероци. Сите поважни пазари во Европа се во плус, вклучувајќи го и најголемиот единечен пазар, германскиот, кадешто Mazda забележа плус 17 проценти во продажбата, односно вкупно 16.000 примероци во второто тромесечје.

На пазарот во САД (113.000 возила, -2%) штотуку стартуваше големиот спортски теренец Mazda CX-9, додека хит-модел во Кина (59.000 возила, +3%) е спортскиот теренец Mazda CX-4. Обата модела не се достапни на европскиот пазар. Негативен резултат пристига од домашниот пазар, со минус 31 проценти во споредба со второто тромесечје лани, кога беа воведени Mazda2 и CX-3. Марката очекува резултатите на домашниот пазар да се подобрат со пристигањето на новото моделско годиште на Mazda3.

До крајот на деловната година Mazda очекува да продаде 1,55 милион возила на глобалниот пазар и да оствари промет од 26,2 милијарди евра, со добивка од околу 920 милиони евра.

Претходна објаваВисоки и тесни гуми се новиот тренд во развојот на автомобилите
Следна објаваПравилното седење зад воланот го заморува возачот помалку

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here