Другата страна на Honda: Интерактивно видео за новиот Civic Type R

Денес стартуваше интерактивниот филм со когошто Honda ја прикажува „другата страна“ на марката, пред долгоочекуваната премиера на новиот Civic Type R во следната година.

Honda е позната по храбрите инженерски решенија, напредната технологија и издржливоста. Но, постои и „друга страна“ на марката, којашто произлегува од тркачката традиција на Honda и од желбата за иновација, за што сведочи и оваа кампања.

Во текот на следното лето Honda ќе стартува со продажба на новиот Civic Type R, како најекстремен и најсилен модел со славната црвена буква „H“ во маската и воедно како отелотворение на другата страна на марката. Како што порачува триминутниот филм, Type R е алтер-его на дивото дете во Civic, кого купувачите го познаваат и му веруваат.

Филмот се состои од две различни приказни, едната снимена дење, другата ноќе. Дневната приказна прикажува татко што ја пречекува својата керќичка пред училиште во бел Civic и ја носи на изненадувачка забава. Наспроти тоа, ноќната приказна ја прикажува другата страна на таткото – таен полицаец во прогон на крадци на уметнички дела, во црвен Type R.

Воведната сцена на „Другата страна“ го прикажува дневниот Civic и како што напредува видеото, гледачот има можност интерактивно да учествува во натамошното прикажување на сцените, односно да се префрлува меѓу Civic и Type R, со притискање на копчето „R“ на тастатурата. Копче со оваа буква ќе има и во Type R, со кого возачот ќе може да активира екстремна програма за возење на тркачка патека, со посебно дотерување на подвозјето и на погонската спрега. За целиот филм посетете ја страницата www.hondatheotherside.com.

Honda Civic Type R: Трејлер за „Другата страна“
http://youtu.be/7ov6Zq_bp6c

Претходна објаваТест • Opel Meriva 1.4 Turbo
Следна објаваСега и Mercedes има мотоцикли

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here