Ford ќе ги исполни соништата на сите ентузијасти што копнеат по нов суперспортски GT со болидот со турбомотор со 600 КС, каросерија од карбон и продажен старт најавен за в година.
Пред половина век, Ford постигна вистински спектакл на легенгарниот Леман, освојувајќи ги првите три места со Ford GT. Неговиот догоочекуван наследник ќе се појави точно за 50-годишнината на моделот, во 2016 година. Концептот на возилото останува ист, со мотор вграден средишно и погон назад. Место монструмски V8 како во оригиналниот GT, работата во новиот суперболид ќе ја врши V6 со турбонатполнење, базиран на тркачкиот агрегат што се користи во прототипите од ИМСА Дајтона. Од техниката е познат само уште деталот дека GT ќе користи седумстепен менувач со двојна спојка.
За намалување на тежината обемно се користат карбонски ламинат и алуминиум. Монококот со интегрирани школкасти седишта е изработен од карбон, додека помошната рамка и зоните за гмечење се изработени од алуминиум. Американците најавуваат дека новиот Ford GT ќе има најдобар сооднос меѓу тежината и моќноста во класата.
Целата аеродинамика на каросеријата е посветена да го притиска возилото на земја, а дополнително и задниот спојлер е приспособлив. Тркалата се водени како во формула 1, се користат и активни амортизери, а бандажите имаат пречник од 20 инчи. Веќе се подразбира дека сопирачките дискови се изработени од керамика. Цената на новиот GT уште не се открива ниту приближно, но сосема е јасно дека Ford нема намера да ја продава оваа возобновена легенда за багатела.
















