Гига-фабриката за батерии на Tesla се отвора на 29-ти јули

Фабриката за батерии на Tesla, којашто со својот капацитет ќе ја поттикне револуцијата во електромобилноста, работи веќе одамна. Но, шефовите заборавија еден важен детал. Сечењето црвена лента.

Кога се работи на големи проекти каков што е таканаречената „гига-фабрика“ на Tesla, лесно е да се заборават некои формалности. Во фабриката за батерии веќе одамна е отпочнато производството во одделни процеси, но се заборави еден важен детал. Сечење црвена лента. Тоа е само формалност што ќе го одбележи почетокот на производството, но што се мора, се мора.

Деновиве се пројавуваат гласини дека свеченото отворање ќе се случи на 29-ти јули. Поканите за важниот настан се веќе испратени до јавните личности и до сопствениците на Tesla. Како и вообичаено за калифорнискиот специјалист за електрични автомобили, медиумите се „заборавени“. Истото се случи и претходно, при промоцијата на Tesla Model 3.

Гига-фабриката за батерии во Невада ќе започне со производство под полн капацитет во 2020 година, со годишна продукција на батерии со вкупен капацитет од 35 гигавати. Од интерес на Tesla е планираниот капацитет да се достигне што поскоро, затоа што многу купувачи чекаат во ред за испорака на Model 3.

Претходна објаваKia обезбеди 447 возила за европското првенство во фудбал
Следна објаваЗлатан Ибрахимовиќ во промоција на новиот Volvo V90

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here