Во Келн произведен 27-милионитиот мотор на Ford

Во фабриката за мотори на Ford во Келн денес е произведен 27-милионитиот мотор откако погоните стартуваа со производство во 1962 година. Јубилејниот мотор е 1,0-литарски EcoBoost, а во неговата изработка учествуваше Штефан Мике, актуелна тркачка ѕвезда со Ford GT во светскиот шампионат во издржливост и возач на тимот Ford Chip Ganassi Racing.

Производството во 1962 година стартуваше со моторите V4 за тогашните модели Taunus и Capri. Од ноември 2011 година, во Келн се произведува петкратниот носител на титулата на светски мотор на годината, 1,0-литарскиот EcoBoost. Моторот со турбонатполнење и директно впрскување моментно се нуди во три варијанти на моќност, со 100, 125 и 140 КС, а се вградува во целата моделска гама на Ford, почнувајќи од Fiesta, сé до Mondeo.

Претходна објаваPeugeot ќе стартува со 3008 DKR на релито Дакар
Следна објаваПобедничкиот Bugatti од првата трка во Монако одликуван од FIVA

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here