Виралното видео за новата Škoda Kodiaq стана интернет хит

Откако Škoda го објави видеото за новиот Kodiaq на BuzzFeed, за само 24 часови видеото имаше над еден милион прегледи. По десет денови, Škoda има 14 милиони прегледи, 107.700 допаѓања и 4.900 коментари.

Видеото коешто е дел од промотивната кампања за новиот теренец Škoda Kodiaq, го прикажува необичниот начин на којшто децата од генерацијата со паметните телефони ја искусуваат природата. Во куси секвенци, налик на интервју, децата зборуваат за нивните паметни телефони и за користењето компјутер. Потоа тие се соочуваат со вистински растенија и животни, коишто можат да ги видат во живо, да ги помирисаат и да ги допрат. Резултатот од ова прво запознавање е урнебесна комедија којашто предизвика одушевување кај милионска публика.

Видеото насловено „Kids Reacting to Nature“ е дел од кампањата „Reconnect“ за промоција на новиот спортски теренец на чешката марка, Kodiaq. Пораката на видеото е да посочи на тоа колку е лесно луѓето да го изгубат чувството за вистинските работи и во исто време колку е едноставно и прекрасно повторното поврзување со реалните и природните животни аспекти. Аналогно на оваа порака, Škoda Kodiaq е возило што семејствата можат да го користат за откривање на средината, за повторно да се спојат со природата и што е најважно, меѓусебе.

Премиерата на Škoda Kodiaq е утре во Берлин, додека салонската премиера е најавена за салонот во Париз, во почетокот на октомври. Продажбата стартува во првата половина од следната година.

Претходна објаваLada распали со новитети на салонот во Москва
Следна објаваŠkoda Kodiaq: Први фотографии од ентериерот на новиот теренец

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here