Видео: Новиот Jaguar XF го направи најдолгото возење по жица

Можеби и ова е некоја форма на оригиналната британска смисла за хумор: Jaguar го претстави новиот модел XF на жица растегната меѓу два брега оддалечени 240 метри, возен од каскадер од филмскиот серијал за Џејмс Бонд.

Британците негуваат посебна смисла за многу работи, па и за претставување на новите автомобили. Од марка чиишто автомобили испишале бројни и значајни поглавја во историјата не може да се очекува ништо помалку отколку невиден спектакл при претставувањето на нов модел. Денес во Лондон доживеа претпремиера новата генерација на моделот од вишата средна класа Jaguar XF – висејќи на две карбонски жици растегнати меѓу брегови оддалечени 240 метри и управуван од легендарниот британски каскадер Џим Даудол, ветеран од холивудските филмови, вклучувајќи го и серијалот за најпознатиот таен агент во светот – 007, како и Борн, Индијана Џонс…

На овој начин, благородната марка со дивата мачка на хаубата имаше цел да укаже на лесната конструкција на новиот XF, којшто е близу 200 килограми полесен во споредба со претходникот и 80 килограми полесен од најблискиот конкурент.

Официјалната премиера на новиот Jaguar XF ќе се одржи на 1-ви април на салонот во Њујорк.

https://youtu.be/qhmMwFyGeIE

jaguar xf 121220150324

Претходна објаваДеби на Range Rover Sport HST на салонот во Њујорк
Следна објаваНовитет на втор поглед: Jaguar XF

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here