Вака се краде автомобил за 50 секунди во Израел

На овие крадци на автомобили во Израел не им е потребна ниту вештина ниту посебна технологија, туку само дрско смислена тактика.

Снимка на YouTube прикажува дрска кражба на автомобил за неполна минута. Возилото на криминалната банда потчукнува автомобил што е запрен на патот. Возачката излегува од автомобилот и се упатува кон возилото на причинителот на незгодата. Но, тоа веднаш се покажува како фатална грешка. Токму тоа е планот на крадците. Дамата одвај се оддалечува неколку чекори, додека затскриен член на бандата во меѓувреме истрчува кон нејзиниот автомобил и исчезнува. Слични случаи се регистрирани и во други земји. Затоа, крајно внимателно во такви ситуации.

https://youtu.be/7PpZP97A2s4

Претходна објаваНирбургринг премина во целосна сопственост на Русинот Каритонин
Следна објаваСите досегашни (пропаднати) обиди за пробив на електричните автомобили