Nissan го изработи првиот боб-седмосед во светот за да докаже дека принципите што ги почитува во својот X-Trail важат и на замрзнатата патека. Оваа боб-санка нема да урива други рекорди, но е добар спектакл за гледање.
Надминувањето на вообичаените стандарди се чини дека е омилениот зимски спорт во Nissan. Инженерите на марката последно изработија специјални изведби со погон со гасеници од Juke и X-Trail, за сега да се препуштат и на вистинските зимски спортови. Тие го конструираа првиот боб-седумсед во светот и го пуштија да се докаже на олимписката патека во Инсбрук, Австрија, управуван од британскиот олимпиец Шон Олсон.
Nissan соработуваше со врвни експерти од овој спорт во трансформацијата на традиционалниот боб-четирисед во седумсед со дизајн инспириран од X-Trail. За тоа како изгледаше возењето на овој „болид“ способен за брзини над 100 километри на час и за странично забрзување со сила 4,5 пати поголема од земјината тежа, може да се погледне видеото:
Боб-санката презема неколку детали од дизајнот на X-Trail, како што се препознатливата маска или формата на светлата, но и опцијата за седум седишта што Nissan ја нуди за купувачите на овој кросовер. Според Nissan, „патниците“ во бобот имаат прегледност од 360 степени околу себе, исто како и патниците во X-Trail преку системот со камери во возилото. На крај, кросоверот на Nissan со погонот All Mode 4×4-i му овозможува на возачот да има целосна контрола на мраз и снег, исто како во боб-санката.
Споредба на X-Trail 1.6 dCi и X-Trail Bobsleigh
| Седишта | 7 | 7 |
| Висина | 1,710mm | 850mm |
| Должина | 4,640mm | 4,200mm |
| Тежина max. | 2,160kg | 895kg |
| Тежина на возило | 1,580kg | 310kg |
| Мотор | 1.6 dCi | – |
| 0-100km/h | 11 s | 30 s |
| Крајна брзина | 186km/h | 105km/h |
| Моќност | 130 КС | 621 КС |
















