Американците го избраа Volkswagen Golf за автомобил на годината

По изборот за автомобил на годината во Европа и светски автомобил на годината, Golf го продолжува жнеењето титули со „Автомобил на годината во Северна Америка“.

Од воведувањето на новата моделска генерација во 2012 година, Volkswagen Golf освои преку 30 титули и награди за дизајн. Кралот на компактите сега се докажа и на изборот за „Северноамерикански автомобил на годината“ на салонот во Детроит. Решавачки за највисокото одликување во САД беа препознатливиот изглед, обемната палета од безбедносни и забавни системи, како и врвниот квалитет и постојаноста на вредноста.

Американскиот шеф на Volkswagen, Михаел Хорн, со наградата за Golf
Американскиот шеф на Volkswagen, Михаел Хорн, со наградата за Golf
Жирито од 57 новинари за автомобилизам од САД и Канада му дадоа 256 бодови на Volkswagen Golf, со што тој постигна убедлива победа пред второпласираниот Ford Mustang со 204 бодови. „Оваа награда е големо признание за нашата работа и покажува дека Volkswagen е на домашен терен и во Северна Америка. Се надеваме дека оваа награда ќе ни назначи пат во успешна година“, изјави Михаел Хорн, претседател на групацијата Volkswagen за американскиот пазар.

Volkswagen последен пат ја освои титулата на „Северноамерикански автомобил на годината“ во 1999 година, со Beetle. Во 22-те години колку што постои овој избор, само пет европски производители на автомобили успеале да ја освојат престижната титула.

Претходна објаваMercedes ги повикува во сервис сите модели со 2,2-литарски дизел
Следна објаваДетроит 2015: Петстотини КС за Ford F150 Raptor

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here