Американски возач докажува дека бетонот не се пробива со автомобил

Снимките од камери во возилата веќе одамна се вбројуваат меѓу највозбудливите филмски жанрови што ни пристигаат од другата страна на барата. Нетрпеливиот возач на оваа снимка се надева дека успешно ќе го совлада училишниот автобус, но има голем проблем со следната пречка.

Автомобилите од премиум марките имаат чудно влијание врз некои возачи, кои во нив стекнуваат чувство на семоќ. Возачот на оваа снимка очигледно ги доживува сите возила пред себе како пречка и решава оддесно да го одмине автомобилот пред него – којшто ја снима целата сцена – а потоа и училишниот автобус. Единствениот проблем е во тоа што лентата по којашто возачот планира да ја заврши сета оваа самодокажувачка вратоломија, не постои. Инженерите решиле дека таму треба да постои бетонска банкина. И воопшто не погрешиле во процената.

Претходна објаваFord тестира технологија што го „лови“ зелениот бран
Следна објаваNIU N1S: Електроскутер со преносни батерии и сателитско лоцирање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here