Америка немоќна против Volkswagen: 4,35 милиони продадени возила до септември

Ефектот од војната што Америка ја стартуваше за ослабнување на глобалниот моќник Volkswagen е спротивен. Продажбата на германската марка врви одлично и меѓу другото забележа пораст и во земјата на пропаднатите General Motors и Chrysler.

Марката Volkswagen во првите девет месеци од годинава испорача 4,3 милиони возила. Најголем раст во продажбата е постигнат во европските држави, а пораст е забележан дури и на пазарот во САД. Единствено Русија и Бразил, како најголеми пазари во своите региони, моментно стагнираат. Стабилна е и продажбата во Кина. Само во септември Volkswagen испорача 513.500 возила на клиентите.

На целиот европски пазар, Volkswagen во првите три квартали продаде 1,3 милион возила, што е зголемување од 3,1 проценти. Заслуга за позитивниот резултат има првенствено регионот на Западна Европа, со плус од 6,3 проценти, односно со 1,15 милион продадени возила. Речиси половината од оваа продажба е постигната на домашниот пазар (448.500 возила, +4,3%). Најголем пораст имаат Велика Британија и Шпанија, со 6,9 проценти, односно 15,3 проценти.

Порастот во продажбата ќе беше уште поголем без кризата на рускиот пазар

Намалување во продажните бројки има само во Централна и Источна Европа (-16,9%), за што најмногу придонесува кризната ситуација во Русија. На клиентите од рускиот пазар, до септември им се испорачани 56.000 возила. Намалувањето на продажбата во Русија за 40,3 проценти не успеа да се покрие од порастот во другите земји во регионот.

Затоа пак, во Северна Америка до септември се испорачани 443.000 возила и тоа е зголемување во продажбата од 2,5 проценти – и покрај силниот напад врз марката. Само во септември, кога изби фунгираниот скандал во САД, во државата се продадоа 26.100 возила. Наспроти тоа, јужноамериканскиот пазар и натаму е проблематичен, со пад во продажбата од 32,6 проценти и 267.500 возила, превенствено поради проблематичниот бразилски пазар.

Во регионот на Азија и Пацификот, марката од Волфсбург во првите три квартали пласираше 2,08 милиони возила, од кои 1,91 милион само на пазарот во Кина.

Претходна објаваSubaru Levorg со лут изглед и блага душа
Следна објаваMercedes му отстапи на Volkswagen експертка за разрешување на кризата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here