за

Нафтените концерни со рекордни заработки

Скапата нафта поради војната во Украина им донесе дополнителни милијарди во касите на нафтените концерни. Shell, Total, Repsol, сите постигнаа рекордни заработки во вториот квартал.

Најголемиот нафтен концерн во Европа, Shell, во последното тромесечје оствари 11,5 милијарди долари добивка. Тоа е далеку над претходниот рекорд, што беше поставен уште во првиот квартал годинава.

Вкупно во првото полугодие, повисоките цени на нафтата и на горивата му донесоа на концернот Shell заработка од вкупно 18 милијарди долари, што е петпати повеќе во споредба со истиот период лани. Слабиот приход од трговијата со метан, Shell го надомести преку повисоки цени и повисока рафинериска маржа. На тоа се придружи и зголемената заработка од трговијата со гас и струја.

Францускиот енергетски концерн Total Energies исто така заработи повеќе во второто тромесечје, благодарение на повисоките цени и маржи. Иако концернот мора дел од заработката да префрли на руски производител на гас, добивката порасна за 158 проценти и достигна 5,7 милијарди долари. Во истиот период лани, добивката изнесуваше 2,2 милијарди долари. По пресметувањето на непредвидените издатоци, добивката во првото полугодие порасна трипати и достигна рекордна вредност од 9,8 милијарди долари.

Значително поголема добивка постигна и шпанскиот нафтен концерн Repsol, во висина од преку 2,5 милијарди евра. Шпанците во првото полугодие имаат двојно повисока добивка отколку лани. Тоа ги покрива загубите на Repsol во 2019 и 2020 година. Од Total Energies соопштуваат дека „Руската инвација врз Украина и натаму влијае врз пазарот на енергенси, со просечна цена на нафта од преку 110 долари по барел, со рекордни маржи за рафинериите, и со цени на гас што во одредени случаи се повисоки од цените на нафтата во Европа и Азија“. Концернот го зголемил производството со цел да придонесе за енергетската сигурност.

Британија уште во мај воведе специјален данок со којшто дел од прекумерната заработка на нафтените компании се префрлува во државниот буџет

Експертите очекуваат дека и гигантите Exxon Mobile, Chevron и BP во следните денови исто така ќе пријават рекордна добивка. Овие енормни суми ја вжештуваат дискусијата околу воведувањето данок на прекумерна добивка. Со тој специјален данок ќе се ограничи добивката на компаниите, коишто заработуваат повеќе благодарение на повисоките цени што се предизвикани од војната во Украина.

Британските власти уште во мај годинава воведоа таков вид специјален данок. Една четвртина од добивката на нафтените компании ќе се пренасочува во државниот буџет. Се предвидува на тој начин да се обезбедат пет милијарди фунти, што е околу шест милијарди евра, коишто ќе се користат за финансирање на социјалните потреби на граѓаните. Во Белгија и Шпанија се најавува воведување сличен данок. Владата во Мадрид планира од профитот на нафтените компании да пренасочи два милијарди евра во буџетот.

Електричните автомобили ја смалија светската потрошувачка на нафта за 3,3%

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota најавува камион со погон на водород

Kia Sportage тогаш и сега: Споредба по пет генерации