за

Toyota најавува камион со погон на водород

Во почетокот на следната година во Јапонија ќе стартуваат пробните возења на лесен камион што користи водород како погонско гориво. Во проектот соработуваат Toyota, Hino и Isuzu.

Електричниот погон со горивна ќелија и водород ќе се пробива сé повеќе во сегментот на товарните возила, како алтернатива на батерискиот електричен погон. Toyota веќе има големо искуство со погонот на водород, со двете генерации на лимузината Mirai. Тоа искуство ќе биде клучно во развојот на мал камион со погон на водород.

Јапонскиот автомобилски концерн Toyota ќе ја вгради погонската технологија од лимузината Mirai во лесен камион што ќе користи водород како погонско гориво. Идниот водороден камион се развива во соработка со производителите на товарни возила Isuzu и Hino. Во проектот учествува и CJPT (Commercial Japan Partnership Technologies Corporation), јапонска корпорација за комерцијално технолошко партнерство.

Првите возила во рамките на тестирањето ќе бидат пуштени во сообраќај уште во почетокот на следната година, во префектурата Фукушима. Водородните камиони ќе бидат вклучени и во социјални проекти во Токио. Електричниот камион што користи резервоари со водород, место масивни батерии, може да најде примена, на пример, за ладилнички транспорт на прехранбени производи, од магацините до супермаркетите.

При дистрибуцијата ќе се покаже и најголемото предимство на водородниот, наспроти батерискиот електричен погон. Полнењето на резервоарите со водород под висок притисок трае само неколку минути, наспроти неколкуте часови што се потребни за полнење на батеријата кај електричните камиони.

На Toyota Mirai ѝ се доволни 5,65 kg водород за 1.360 километри пат

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 208 најпродаван модел во Европа во јуни, T-Roc пред Golf

Нафтените концерни со рекордни заработки