за

Peugeot 208 најпродаван модел во Европа во јуни, T-Roc пред Golf

За серијата 200 на Peugeot не е новина да биде на врвот, тоа впрочем им успеваше претходно и на 205 и на 206. Нови се останатите модели во европскиот Топ 50.

Пазарот е во пад во светски рамки, бројни се причините за тоа и сложена е нивната меѓусебна поврзаност. Проблемот не е во побарувачката, затоа што се бара автомобил повеќе, туку е во производството. Големите концерни уште се соочуваат со чип-криза, со поскапување на материјалите и услугите. Тоа што се случува во секоја криза: Некој губи помалку, некој повеќе.

Во јуни на 27-те најголеми пазари во ЕУ се продадени 1,05 милион патнички автомобили или за 17% помалку во споредба со лани. Тоа го наведува најновата статистика на експертите за следење на автомобилскиот пазар Jato. Јунскиот пазар последен пат бил толку ослабен во 1993 година.

Експертот Фелипе Муњоз забележува пад во продажбата на СУВ-модели и електрични автомобили, како два сегменти што досега постигнуваа најголем пораст. Во врска со погонот на струја, во јуни во ЕУ27 биле продадени 215.000 електрични автомобили. Тоа е за 8% послабо од ланскиот јуни. Чисто електрични се 62% од продадените е-автомобили, останатите 38% се приклучни хибриди.

Peugeot 208 е најпродаван модел во Европа, а за Tesla Model Y има место во Топ 10

Моделите се менуваат постојано во европскиот Топ 50, но некои остануваат моќни дури и на првата позиција. Peugeot 208 е најпродаван автомобил и во јуни, со дури 38% зголемена продажба во споредба со истиот месец лани. Наспроти тоа, Volkswagen Golf, Toyota Yaris и Renault Clio изгубиле третина од ланскиот пазар.

Dacia се држи солидно, со раст од 27% кај Duster, а има добри изгледи и за неодамна стартуваниот Jogger, од којшто се регистрирани 9.400 возила. Падот кај Tesla се должи на Model 3, чијашто продажба е намалена за 76 проценти. Надоместува Model Y, којшто е во Топ 10 со 16.700 примероци. Peugeot 308 постигна фантастичен раст од 149% во продажбата. Kia Sportage исто има одличен напредок со 39% зголемена продажба. Од електричниот кросовер EV6 се продадоа близу 2.000 примероци.

Сцена од репортажата со Kia Sportage по стариот пат за Прилеп, преку Богомила

За Mercedes нема криза, продадени се 56.400 возила во јуни. Намалените продажби на A-Class (-19%), E-Class (-11%)и CLA (-22%), ги надомести растот од 2% во продажбата на C-Class. Одлични резултати покажува GLC, кој напредуваше 132%. Очекуваме Мак Аутостар да покани на домашна премиера на новата генерација на најпродаваната моделска серија на Mercedes-Benz во последните две години.

Меѓу големите пазарни тркачи се наоѓаат Toyota Yaris Cross (6-ти најпродаван СУВ од Б-сегментот), Renault Arkana (трет најпродаван Renault) и Volkswagen Taigo (6-ти најпродаван Volkswagen).

Најпродавани 50 модели на патнички автомобили во ЕУ 27

Извор: Јато, статистика за јуни 2022

1 PEUGEOT 208 24,488

2 DACIA SANDERO 24,299

3 OPEL/VAUXHALL CORSA 19,679

4 FIAT/ABARTH 500 19,500

5 DACIA DUSTER 19,039

6 VOLKSWAGEN T-ROC 18,679

7 VOLKSWAGEN GOLF 17,575

8 RENAULT CAPTUR 17,556

9 TESLA MODEL Y 16,687

10 TOYOTA YARIS 15,216

11 HYUNDAI TUCSON 15,129

12 PEUGEOT 2008 15,061

13 RENAULT CLIO 14,546

14 KIA SPORTAGE 13,606

15 PEUGEOT 308 12,344

16 VOLKSWAGEN T-CROSS 11,227

17 TOYOTA COROLLA 10,866

18 CITROEN C3 10,743

19 TOYOTA C-HR 10,618

20 PEUGEOT 3008 10,511

21 NISSAN QASHQAI 10,429

22 TOYOTA YARIS CROSS 10,132

23 AUDI A3 9,988

24 MINI HATCH 9,744

25 TOYOTA AYGO 9,741

26 FORD KUGA 9,682

27 VOLKSWAGEN TIGUAN 9,651

28 VOLKSWAGEN POLO 9,401

29 FIAT PANDA 9,356

30 DACIA JOGGER 9,355

31 RENAULT ARKANA 9,307

32 HYUNDAI KONA 9,122

33 FORD PUMA 9,105

34 CUPRA FORMENTOR 9,087

35 SKODA OCTAVIA 8,254

36 OPEL/VAUXHALL CROSSLAND 8,188

37 OPEL/VAUHALL MOKKA 8,174

38 RENULT MEGANE 8,100

39 BMW SERIES 3 7,968

40 SKODA FABIA 7,728

41 TOYOTA RAV4 7,652

42 MERCEDES A-CLASS 7,625

43 CITROEN C3 AIRCROSS 7,572

44 BMW X3 7,418

45 BMW X1 7,221

46 SKODA KODIAQ 7,092

47 SKODA KAROQ 6,870

48 VOLKSWAGEN TAIGO 6,596

49 SEAT ARONA 6,556

50 CITROEN C5 AIRCROSS 6,539

Патуваме со Peugeot низ Мариово: Филмска прашина, скриени богатства, ликови од романи

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Убави тонови за пречек на новата Alfa Romeo Tonale

Toyota најавува камион со погон на водород