Во Советот за животна средина на ЕУ се постигна компромис околу законодавството за СО2 на ниво на возен парк. Со компромисот се предвидува значително заострување на граничните вредности на ниво на возен парк, за патнички автомобили и лесни товарни возила. По 2035 година, повеќе нема да се регистрираат нови автомобили што испуштаат СО2.
Мнозинството пратеници во Европскиот Парламент гласаше за забрана за регистрирање нови возила со мотори со внатрешно согорување по 2035 година. Остри критики доаѓаат од производителите на автомобили: „Советот на ЕУ се реши за фактичка забрана за мотори со внатрешно согорување по 2035 година и против политика за индустрија што е отворена за нови технологии. Тоа е разочарувачки,“ критикуваат од Здружението на германски производители на автомобили. Нивната критика главно е насочена кон отсуството на политика за изградба на мрежа од полначи, којашто е суштинска за напредувањето на електромобилноста.
Истиот тон владее и во критиката од Здружението на светски прозводители на автомобили: „Поставените цели за СО2 може да се постигнат само со високи субвенции за купување електрични автомобили и со добра мрежа од полначи.“ Најавите за скусување на висината на субвенциите за купување електрични автомобили, коишто доаѓаат од неколку ЕУ-членки, секако дека не одат во прилог и го отежнуваат постигнувањето на целта за намалување на емисијата на СО2.
Можно е сепак да постои исклучок за возила со мотор со внатрешно согорување, коишто користат е-гориво, односно синтетско гориво. Се повикува Комисијата на ЕУ да провери можност за користење синтетски горива во новите автомобили по 2035 година. За евентуалните промени би можело да се гласа дури по 2026 година.
EU nations approve end to combustion engine sales by 2035. 👏🏼👏🏼👏🏼
Now it’s time for Canada to put its 100% zero-emission vehicle sales by 2035 commitment into law. #cdnpolihttps://t.co/MjAHVvyEi0
— Joanna Kyriazis (@joannakyriazis) June 29, 2022
Алијансата за е-горива и натаму критикува за едностраното гледиште: „Тековната одредба на ЕУ, којашто се концентрира само на емисиите од издувниот систем, нема да овозможи навремено преоѓање во мобилност што е неутрална во поглед на климата, доколку еднострано ја поттикнува електромобилноста, но ги изоставува емисиите што настануваат во претходните или во подоцнежните фази од животниот цклус на возилата и ја води Европа кон нова зависност од суровини за батерии.“ Алијансата сепак останува во дијалог со Комисијата на ЕУ.
Бугарија меѓу ЕУ-земјите што бараат одложување на крајот на дизелот