Корпорациите Toyota и Suzuki ја започнаа соработката уште во 2017 година. Соработката се базира врз искуството на Toyota во електрификацијата и експертизата на Suzuki во развојот и производството на компактни возила. Целта е да се произведува заеднички и да се популаризирааат возилата со електрифициран погон во светски рамки.
Напредува соработката меѓу Toyota и Suzuki. Двете компании најавија скорешен почеток на производството на нов СУВ-модел којшто е развиен во Suzuki и ќе се произведува во фабриката на Toyota во Индија. Toyota Kirloskar Motor Pvt. Ltd. (TKM) стартува со производството на новиот модел веќе во август. Моделот ќе се нуди под двете марки на индискиот пазар. Следниот чекор е извоз на новиот модел на светскиот пазар, вклучувајќи ја и Африка.
Верзиите на моделот што ќе се продаваат на индискиот пазар ќе се нудат со благ хибриден погон, развиен од Suzuki, како и со самополнечки хибриден погон на Toyota. Моделот за којшто локалните медиуми шпекулираат дека ќе се нуди како Suzuki Vitara (нам познатата Vitara во Индија го носи името Brezza), односно Toyota Highrider.
Преку овој модел се огледува вистинската моќ на соработката меѓу двете јапонски компании: Suzuki е вешт во развојот на подостапниот благ хибриден погон, додека Toyota традиционално се потпира на својот самочполнечки хибриден погон. На тој начин, Suzuki и Toyota можат да понудат електрифициран погон за најширок круг купувачи. Секако дека и Индија има поставено цел да постигне неутралност во поглед на емисијата на СО2.

Двете компании вложуваат во проширување на соработката во Индија, излегувајќи во пресрет на иницијативата на тамошните власти, именувана „Make in India”, којашто цели на одржлив економски развој и визија за нула крајна емисија на стакленички гасови до 2070 година.
Шефот на Suzuki доби Орден на заслуги од унгарскиот премиер Орбан