за

Citroen C4 X е универзалната каросериска форма насекаде низ светот

Тоа е новиот тренд, на издолжени лимузини со опаш како купе, со зголемено растојание од подлогата, со големи тркала и заштитни додатоци во стил на теренец. Citroen се вклучува во игра со C4 X.

Производителите порано нудеа најширок избор од мотори и најразновидна палета од каросериски форми. Потоа, мораше да се штеди на мотори и каросериски варијанти, затоа што законодавците бараа да се вложува масивно во погон со чист издув, а по можност и нулта издув. Сега е релативно смирено, но само во погоните. Бурни промени се случуваат во каросериската форма. Citroen по природа не смее да ги пропушти трендовите, па затоа стартува со C4 X.

Зарем требаше да нé изненади, тоа што производителите почнаа да нудат и купе-лимузини со обележја на СУВ? Пред одвај една седмица, Peugeot имаше одлична премиера на 408, а долго пред тоа, сцената ја познава и Renault Arkana, кај нас преименувана во Megane Conquest. Беше само прашање на време, кога сите тие силни купе-СУВ ќе отворат простор за следната каросериска варијација.

Само неколку СУВ-модели со купе опаш, коишто спаѓаат во компакт класата, покрај спомнатите модели: Mitsubishi Eclipse Cross, Range Rover Evoque, Volvo C40 Recharge, Citroen C4, Lexus UX, Toyota C-HR, Mazda CX-30 и Mazda MX-30, Kia XCeed, Audi Q3 Sportback. Многу се, а при подетално разгледување ќе се покаже дека ги има и уште повеќе. Не треба да изненади и тоа што Citroen се приклучува рано во новиот тренд и го најавува C4 X.

Според тоа што вредните менаџери на марката го објаснија на видео-презентацијата, C4 X ја пополнува празнината меѓу C4, C5 Aircross и знаменосецот C5 X. Со должината од 4,60 метри и со лимузинската силуета, овој СУВ-фастбек се поставува меѓу C5 Aircross и C5 X. Во поглед на префинетоста и престижот, C4 X сепак останува меѓу C4 и C5 Aircross.

Во Австрија, Белгија, Германија, Луксембург, Холандија, Скандинавија, Португалија и Велика Британија, Citroen ќе ја нуди само електричната изведба e-C4 X

New item by Automedia MK / Google Photos

Citroen ќе го нуди моделот буквално насекаде. Голем удел во продажбата се очекува од земјите од Средниот Исток, но и од Африка. Новиот модел паралелно ќе се продава и во Европа, вкчлучувајќи ги скандинавските држави, коишто веќе се решени за електричниот погон. На тие пазари, Citroen C4 ќе се нуди како чисто електричен модел е-C4 X, со „стандардниот“ електромотор во концернот, со моќност од 100 kW и батерија од 50 kWh.

Винсент Кобе, извршниот директор, зборува за настанокот на новиот модел на Citroen: „Голем број клиенти ни кажаа дека бараат достапна, веродостојна и елегантна алтернатива на масата комбилимузини и СУВ коишто се нудат во компакт класата, а ова е нашето најдобро толкување на тие барања – напреден, впечатлив вкрстен дизајн, што ги нуди комфорот, технологијата, безбедноста и противвредноста што се очекуваат од Citroën, но и одлична просторност и практичност на лимузина, со предноста на електричен погон со нулта емисија.“

New item by Automedia MK / Google Photos

Електричната изведба постигнува досег до 360 километри. Нема ограничување ниту во поглед на товарниот простор. Изнедување е тоа што задниот поклопец се отвора како кај историските модели на марката, „ситроеновски“. На располагање багажник од 510 литри. Зошто ова решение, кога можело да има практична петта врата? Затоа што на традиционално ориентираните пазари, сé уште се цени дека багажникот треба да биде одвоен од кабината.

Понудата од погонски единици, покрај електричниот e-C4 X, ќе ја сочинуваат 1,2-литарски бензинец со 100 и 130 КС и 1,5-литарски дизел со 130 КС. Новиот модел ќе се произведува само во Европа, во фабриката на Stellantis во Мадрид, Шпанија. Продажбата стартува веќе наесен.

Уште неколку факти за Citroen C4 X:

New item by Automedia MK / Google Photos

Со должина од 4600 mm, новите ë-C4 X и C4 X се позиционираат меѓу C4 со должина од 4360 mm и C5 X со неговите 4800 mm

Меѓуоскиното растојание од 2670 mm е исто како кај C4, двата модели ја користат платформата CMP

Коефициентот на отпор на воздух изнесува Cd 0.29

Комплетно нова генерација инфо-забавни системи My Citroën Drive Plus, коишто неодамна имаа премиера во знаменосецот Citroën C5 X.

Просторот за нозе на задната клупа е долг 198 mm, задната клупа е наведната под комфорен агол од 27 степени

Ширината на кабината на задната клупа во висина на рамената изнесува 1,366 mm, односно 1,440 во висина на лактите.

Багажникот е долг 1.079 mm, висината на товарниот раб изнесува 745 mm. Задната клупа се соборува, а има и отвор за скии во повисоките нивоа.

Присутни се сите ставки на програмата Citroën Advanced Comfort, којашто вклучува и комфорни седишта со екстра 15 mm полнење

Во подвозјето се вградуваат фамозните Progressive Hydraulic Cushions за меко придушување на ударите од подлогата

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Citroen C3 Aircross ја има вградено авантурата: По стариот пат од Велес за Прилеп

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ѕвезда по ѕвездите: Успехот на Corsa и Mokka е најдобар вовед за новата Astra

Suzuki и Toyota стартуваат со нов заеднички модел за Индија