за

Ѕвезда по ѕвездите: Успехот на Corsa и Mokka е најдобар вовед за новата Astra

За новата генерација на Opel Astra е кажано многу, уште пред моделот да стартува со продажба во Македонија. Сé е кажано преку успехот на Corsa и Mokka. Уште една моќна премиера во портфолиото на Еуроимпекс.

Ретки се моделите што толку се одомаќени на македонската сцена и практично зафаќаат во дел од културата, како што е Opel Astra. Луѓето не само што ги помнат Kadett C или Kadett D, туку и ги познаваат овие модели, кога нивната појава беше секојдневие. „Капката“, GSi, првата Astra, бројни моменти се поврзуваат со овој модел. Една генерација мазно се заменуваше со друга, но се чини дека овојпат луѓето во Opel се повеќе самоуверени во својот нов модел, од кога било досега.

Новата Opel Astra успеа да предизвика реакции и бројни позитивни коментари уште пред пристигнувањето. Сето тоа доведе до уште поголемо нетрпение кај потенцијалните клиенти и зголемен интерес за новиот модел.

На настанот беа претставени 6 возила секој во различна верзија, боја, мотор и опременост. Промотивната жолта боја беше поставена во фокусот на импортерскиот салон, каде беа презентирани сите новитети и карактеристики на Новата Opel Astra.

Продукт менаџерот за Opel – Драган Јовев ја започна својата презентација и изјави: „Сосема  овата ASTRA….Зборува сама за себе.Дизајнирана, развиена и произведена во Германија.

New item by Automedia MK / Google Photos
  • Новата ASTRA изгледа сега подобро (можеби и одлично).со чист и смел дизајн…со интересен детаљ од својот славен предок Opel Kadett D.“ Јовев потоа ги нагласи сите елементи и новитети кај овој модел, кои го прават возењето уште подобро:
  • Со новата ASTRA се гледа подобро на пат со унапреденото INTELLI-LUX LED PIXCEL предно осветлување составено од 84 модули во само еден преден фар….дури 4 пати повеќе од ривалите.
  • Во новата ASTRA се дише подобро со INTELLI-AIR системот за автоматска размена на воздухот меѓу кабината и околината со негова филтрација со високо-ефикасниот филтер дури и против вируси.
  • Во новата ASTRA, внатрешното чувство е подобро со детоксификација до максимум од информациите кои го одвлекуваат вниманието на возачот на двата 10” дисплеи: Pure Panel или целосно застаклениот Pure Panel Pro.
  • Во новата Astra се седи подобро со AGR предните седишта (подесување на возачко седиште во 10-насоки опционално за почетното ниво, стандард од второто нагоре)… масажа на возачко седиште или вентилација на предните седишта.
  • Во новата Astra се вози дефинитивно подобро на третата еволуција на EMP2 V3 мултиенергетска платформа со 50% подобрени компоненти. Погонувана со докажаните мотори од Stellantis групација: турбо бензински 1.2 110ks и 1.2 130ks, вториот покрај 6 степен мануелен впарен и со 8-степен автоматски менувач…и дизел 1.5 со 130ks и АТ8. Денес, дополнително со plug-in hybrid-на технологија и вкупна хибридна снага од 180кс или 225кс ….а идната 2023 година целосно електрична.

Новата Opel Astra е со почетна цена од 21.700 еур.

Дизајнирана со прецизност и произведена во Германија новата Astra ву дава гаранција дека ќе го добиете само најдоброто. Од марката порачуваат дека, „нема потреба од компромиси за да добиете секојдневно возбудливо возење, стилски изглед, ниски трошоци и иновативна технологија“.

Повеќе информации за моделот се достапни на следниот линк:  https://www.opel.mk/avtomobili/astra-modeli/astra/hatchback/overview.html и на дилерските страници.

New item by Automedia MK / Google Photos

Тест: Opel Mokka е како враќање на Manta и Calibra во СУВ-ерата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дојде време Volkswagen да најави електричен наследник на Passat

Citroen C4 X е универзалната каросериска форма насекаде низ светот