Дојде време Volkswagen да најави електричен наследник на Passat

Премиерата на концептниот автомобил ID. Aero се одржа во Кина, како најава за првата целосно електрична лимузина на Volkswagen, којашто ќе биде наменета за светскиот пазар. Тоа ќе биде модел во виша средна класа, значи малку над местото на пазарот што му припаѓа на традиционалниот Passat.

Прогресивниот, стилски и аеродинамичен дизајн овозможува внатрешноста да се одликува со исклучителна просторност. Сериската изведба за Кина ќе стартува во втората половина од 2023 година. В година е планирано да започне и производството на моделот за европскиот пазар, коешто ќе се одвива во фабриката во Емден.

Ралд Брандштетер, извршниот директор на марката Volkswagen, го најавува ID. Aero како „автомобил со емотивен и во исто време мошне аеродинамичен дизајн, со досег од преку 600 километри, необично голема просторна понуда, како и премиум ентериер.“ По ID.4, ова е втор светски автомобил на Volkswagen којшто главно цели на пазарите во Европа, Кина и САД.

Концептното возило е долго близу пет метри и при дизајнирањето се решаваше главно според барањата за аеродинамичност. Покривот назад се спушта елегантно во стил на купе, за да помогне во постигнување отпор на воздух од 0,23. Платформата е MEB и исто како кај останатите модели што ја користат, ID. Aero се одликува со куси каросериски превиси, долго меѓуоскино растојание и исклучително просторна внатрешност.

Батеријата на концептниот Volkswagen ID. Aero е со нето капацитет од 77 kWh. Спрегата од ефикасен погон и одлична аеродинамичност, дозволува досег до 620 километри.

По моделите ID.3, ID.4 и ID.6, сериската изведба на ID. AERO ќе биде четврта моделска серија на Volkswagen со чисто електричен погон за пазарот во Кина. Таму ќе се нудат две варијанти, по една од секоја заедничка компанија во којашто Volkswagen учествува во земјата. Стратегијата на германската марка е да стане водечки производител на електрични и електрифицирани возила во Кина. Во 2030 година, најмалку секој втор продаден автомобил на VW во земјата ќе биде електричен.

https://youtu.be/5KZzCo9_zsg

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Претходна објаваХибрид за добро утро, приклучен хибрид за добар ден, електрична Toyota за добра вечер
Следна објаваЅвезда по ѕвездите: Успехот на Corsa и Mokka е најдобар вовед за новата Astra

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here