Во природната средина на скопскиот зелен рај, во Лиф Кафе, во понеделникот се одржа настан од историско значење за автомобилизмот, којшто ќе се спомнува честопати во иднината. Тојота Авто Центар почнува со продажба на bZ4X, прв целосно електричен модел на јапонската марка. Неважно е дали од електричниот модел на Toyota ќе се продадат пет, десет или педесет примероци годинава. Овој настан безгрешно укажа дека ѕвездите на денешната сцена се токму како bZ4X, електрични, технолошки супериорни.
Растојанието на презентацијата можеше да се изоди во педесетина чекори. Но, тоа што Toyota го помина во сиве години досега, од почнувањето со развој и одреденоста марката прва да му понуди на светот автомобил со хибриден погон од големосериско производство, до овој модел во којшто од хибридот е „останат“ само електромоторот, секако дека е еден од најголемите потфати во историјата на автомобилизмот, а со тоа и на целото човештво. Тоа што потфатот не се претвори во авантура, туку во успешна приказна во континуитет, тоа е јапонското во оваа марка. Toyota едноставно имаше кредибилитет за целиот овој потфат.
Организацијата на настанот смисли на еден од влезовите во Лиф Кафе да пречекува хибриден C-HR. Не случајно, кросоверот што и самиот стартуваше бројни промени во Toyota, се најде во порта што личи на традиционална јапонска тори, препознатлива форма на порта што зафаќа во бројни симболики што се пренесуваат во традицијата на земјата. На влезот хибрид. Затоа во насловот велиме, хибрид за добро утро. Tака и почна, со првиот Prius во 1997 година. Денес хибридниот погон во Toyota е развиен до петта генерација. Актуелната Corolla в година ќе пристигне во продажба со таков погон.
Дваесетина чекори подолу по патеката, пречекуваше жар црвен RAV4 со приклучен хибриден погон. Разликата во споредба со херојскиот самополнечки хибрид е во тоа што кај овој RAV4 со по еден чеп за „бензин“ од секоја страна на возилото, батеријата е уште поголема и може да се полни на обичен приклучок за струја, и секако, на полнач. Овој вид на погон, со право беше толкуван како преодно скалило од хибридните кон целосно електричните возила. Реално, и самополнечниот хибрид, како уште во првиот Prius пред 25 години, се најде многу повеќе во улога на преодно скалило. Со полна батерија, RAV4 Plug-In Hybrid минува до 98 километри чисто на струја, во градски услови, каде што има често сопирање и забавување, па и батеријата се дополнува почесто.
Приклучниот хибриден погон е важен поради тоа што помогна луѓето да го изгубат „стравот“ од електричниот погон, дека на пат би останале со празна батерија. Кај овој погон, кога ќе се испразни батеријата, возењето понатаму продолжува со комбинирана работа на бензинецот и електромоторот – и батеријата, секако. Затоа, приклучниот хибриден погон е како добар ден, кога ќе мине неизвесноста од утрото и работите што требало да се завршат денот, ќе се завршат успешно, па и порано.
За добра вечер, електричен bZ4X, електричен што не може да биде повеќе електричен од ова. Добра вечер, затоа што е веќе сосем извесно дека понатаму преземаат електричните возила. Многу нешта се менуваат, многу нешта ќе се расчистат и околу политичките спреги со располагањето, црпењето и трговијата со нафта. Едноставно, нафтата станува неинтересна. Исто и политичкото влијание однадвор, на ниво на регион, на свет, се релативизира, затоа што на сите ни е јасно дека електрична енергија може да се произведува чисто за животната средина, буквално во сопствениот двор. Поточно, на покрив. Неколку фотоволтаички панели на покривот на домот или на фабриката, ќе обезбедат енергија за bZ4X да се движи.
Во секој случај, мошне вешто инсценирана приказна околу развојот на елеткрификацијата, раскажана преку марката што има постигнато најмногу за истата
СУВ-моделот bZ4X доаѓа од новата генерација модели со 100% електричен погон, со кратенка bZ којашто произлегува од Beyond Zero. Преку „повеќе нула од нула“ , јапонската марка укажува дека таа елкетормобилноста не ја сведува само на развој и производство на електрични автомобили, туку и на чиста енергија за производство на истите, вклучувајќи го и производството на компоненти кај добавувачите, како и рециклирањето по завршетокот на експлоатацијата.
Дизајнот е порадикален во споредба со RAV4, на пример, затоа што и пазарот бара така. На сопствениците на електрични возила им се допаѓа кога нивниот автомобил се препознава во средината дека е токму „електричниот“. Во развојот се применети истите начела како кај остатокот од гамата на Toyota. Исто како што од Yaris до Camry и Higlander, сите модели се базираат врз платформа TNGA, така bZ4X се базира врз платформа e-TNGA. Таа ги вклучува сите доблести по коишто светот ја цени марката, плус динамика во возењето, повеќе уживање за возачот и врвна технологија.
TOYOTA bZ4X – ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ПОГОН |
FWD |
AWD |
ВИД |
AC-СИНХРОНЕН ЕЛЕКТРОМОТОР / ГЕНЕРАТОР |
|
СИСТЕМСКА МОЌНОСТ (KW / КС) |
150 / 204 |
160 / 218 |
МОЌНОСТ НА ПРЕДЕН ЕЛЕКТРОМОТОР (KW / КС) |
150 / 204 |
80 / 109 |
МОЌНОСТ НА ЗАДЕН ЕЛЕКТРОМОТОР (KW / КС) |
N/A |
80 / 109 |
МАКСИМАЛЕН ВРТЕЖЕН МОМЕНТ (NM) |
265 |
336 |
БАТЕРИСКИ СИСТЕМ | |
БАТЕРИЈА |
ЛИТИУМ ЈОН |
БРОЈ НА ЌЕЛИИ |
96 |
НОМИНАЛЕН НАПОН (V) |
355 |
КАПАЦИТЕТ (kWh) |
71,4 |
ПЕРФОРМАНСИ |
FWD |
AWD |
НАЈВИСОКА БРЗИНА (KM/H) |
160 |
160 |
ЗАБРЗУВАЊЕ 0 – 100 KM/H (s) |
7,5 |
6,9 |
СОПИРАЧКИ (НАПРЕД & НАЗАД) |
ПРОВЕТРУВАНИ СОПИРАЧКИ ДИСКОВИ |
ПОТРОШУВАЧКА НА СТРУЈА просек во kWh/100 km |
FWD |
AWD |
WLTP |
16,7-14,4 |
18,0 |
ДОСЕГ (EAER) |
FWD |
AWD |
WLTP (18-ИНЧНИ ТРКАЛА) |
504-513 km |
N/A |
WLTP (20-ИНЧНИ ТРКАЛА) |
442-446 km |
415 km |
ДИМЕНЗИИ (MM) | |
ДОЛЖИНА |
4.690 |
ШИРИНА |
1.860 |
ВИСИНА |
1.650 |
МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ |
2.850 |
ШИРИНА НА ТРАГА НАПРЕД / НАЗАД |
1.600/1.610 |
РАСТОЈАНИЕ ОД ПОДЛОГА |
177 (со 1 патник) |
КРУГ НА ВРТЕЊЕ (ГУМИ /КАРОСЕРИЈА) |
5.700 / 6.100 |
ДИОМЕНЗИЈА НА ГУМИ (18 ИНЧИ / 20 ИНЧИ) |
235/60 R18 / 235/50 R20 |
ГОЛЕМИНА НА ТРКАЛА (18 ИНЧИ / 20 ИНЧИ) |
18 x 7,5 / 20 x 7,5 |
ДИМЕНЗИИ НА КАБИНА (MM) | |
ДОЛЖИНА |
1.940 |
ШИРИНА |
1.515 |
ВИСИНА |
1.160 (1.145 со сончев покрив) |
БАГАЖНИК (DM3 VDA) | |
ГОЛЕМИНА (со исправени седишта и спуштен под) |
452 |
ГОЛЕМИНА (со соборена клупа, до таван) |
TBC |
ТЕЖИНИ (KG) |
FWD |
AWD |
ПРИКОЛКА (со / без сопирачки) |
750 |
750 |
ПРАЗНО ВОЗИЛО |
1.970–2.045 |
2.085–2.140 |
ДОЗВОЛЕНА ВКУПНА ТЕЖИНА |
2.465 |
2.550 |
Тојота Авто Центар го нуди моделот во пет нивоа на опрема, почнувајќи од нивото Comfort и изведба со погон напред, со цена од 50.990 евра. Во Македонија нема државна помош, со којашто на граѓаните ќе им се обезбеди подостапна цена на електричните автомобили. Единствено има ослободување од данокот на возило, којшто се одредува во зависност од вредноста на возилото и се движи околу 3.000 евра. Други повластици не постојат. Користењето на полначите на ЕВН е бесплатно, исто и паркирањето на територија на Центар.
Кон вебсајтот за моделот на Тојота Авто Центар
Електричната Toyota во мај стартува во Јапонија, од летово и во Европа