за

Електричната Toyota во мај стартува во Јапонија, од летово и во Европа

Мал чекор за Toyota, голем чекор за електромобилноста. Пионерот на електрификацијата и на хибридниот погон почнува со продажба на bZ4X, го очекуваат и во македонската Toyota.

Досег до 559 километри и батерија што задржува 90% од капацитетот по десет години, плус цена од 6 милиони јени, односно околу 44.000 евра. Така изгледа електромобилноста во Toyota, пионерот на електрификацијата. Кросоверот bZ4X е прв во семејството електрични модели на Toyota што ќе се шири во следниве години.

Првите купувачи за bZ4X во Јапонија, на првиот електричен модел на Toyota, што е развиен врз сопствена платформа, ќе можат да ја извршат својата нарачка на 12-ти мај. Тоа е прв модел од семејството bZ, кусо од beyond Zero, коешто ќе се состои од електрични модели, што верно на името ќе се разликуваат во сé, не „само“ во тоа што ќе користат батериски електричен погон.

Намерата при развојот на Toyota bZ4X е возачите да почувствуваат разлика во сите подрачја, во внатрешноста, во изгледот, во возачкото доживување, во перформансите. Во основа, bZ-моделите ќе бидат возбудливи автомобили во коишто патниците со уживање го споделуваат времето и просторот.

Платформата e е-TNGA, значи електрична варијанта на техничката архитектура што ја претвори целата гама модели на Toyota во автомобили што се динамични во возење и во појавата. Во развојот учествуваше партнерот Subaru.

New item by Automedia MK / Google Photos

Јапонците ставаат нагласок на ниската потрошувачка – користа од повеќе од дводецениското искуство во развојот на сериски автомобили со хибриден погон секако дека мора некаде да се огледа. Toyota bZ4X троши 12,8 kWh на сто километри според WLTC-тестовите, коишто се дел од WLTP-процедурата. Затоа во Јапонија се калкулира со вредност на досег од 559 километри, додека во Европа се наведува повеќе резервиран податок за 516 километри. Разликата е во тоа што WLTP-процедурата вклучува и други проверки, покрај нормираните WLTC-тестови.

Искуството се огледува и во долготрајноста на батеријата, односно во постојаноста на нејзиниот капацитет. Toyota наведува дека техниката е развивана со цел, батеријата и по 10 години да располага со 90% од капацитетот. Гаранцијата уверува дека батеријата по една деценија ќе располага со најмалку 70% од капацитетот, меѓутоа реално може да се очекуваат 90–те „негарантирани“ проценти. Во поглед на издржливоста на батеријата, на Toyota секако дека може да ѝ се верува. За овие полни две децении, батериите во хибридните автомобили на јапонската марка ниту еднаш не биле предмет на критика.

New item by Automedia MK / Google Photos

Toyota bZ4X во Јапонија ќе биде достапна главно преку лизинг, за корисниците на тој начин да бидат растоварени од грижа околу батеријата. Околу самата батерија е развиена програма 3R, односно програма Rebuild, Reuse, Recycle, за репарирање, повторно користење и рециклирање. Во првата фаза во Јапонија, Toyota ќе прими нарачки за 3.000 возила, почнувајќи од 12-ти мај, за наесен да следи вториот бран нарачки. Вкупно за јапонскиот пазар се планирани 5.000 возила за годинава. 

Производството се одвива во суперфабриката во Мотомачи, некогаш ексклузивна мануфактура за Lexus LFA. Енергијата што се користи е 100% од обновливи извори. Цената во Јапонија за моделот со преден погон е 6 милиони јени (околу 44.000 евра), додека изведбата со погон на сите тркала чини 6,5 милиони јени (околу 47.600 евра).

New item by Automedia MK / Google Photos

Развиен како СУВ-модел од средна класа, bZ4X во кабината нуди простор како лимузина од виша класа, односно над 1.000 милиметри должина на простор од наслонот на предното седиште до наслонот на задната клупа. Арматурната табла е посебно ниска, заради уште поубедлива просторност, и обложена е меко заради пријатно чувство. За прозорците се користи стакло со посебно делотворна звучна изолација.

На „класичните“ квалитети, како врвна аеродинамичност (Cd. 0.28) и намалена тежина на каросеријата, се надоврзуваат нови и наменски системи, како климатизација преку штедлива топлинска пумпа, за батеријата да се оптоварува помалку. Првпат во Toyota ќе може да се добие буквално радијатор за греење на стопалата.

Техниката дозволува користење брз полнач со еднонасочна струја (до 150 kW DC). За полнач со 90 kW, батеријата се полни до 80% за 40 минути. На обичен полнач (200V, 6kW, 30A) за целосно полнење се потребни 12 часови.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

 

Технички податоци · Toyota bZ4X (Спецификација за јапонски пазар)

New item by Automedia MK / Google Photos
(описот на податоците е на англиски јазик, од соопштението за медиуми на производителот)
*: in-house measurements)
bZ4X (FWD) bZ4X (4WD)
Vehicle weight and performance Vehicle weight kg 1,920 2,010
Gross vehicle weight kg 2,195 2,285
Minimum turning radius m 5.6
AC electric power consumption rate (WLTC, As evaluated by the Ministry of Land, Infrastructure, Transport and Tourism) Wh/km 128 134
Cruising range per charge (WLTC, As evaluated by the Ministry of Land, Infrastructure, Transport and Tourism) km 559 540
Measurements Length mm 4,690
Width mm 1,860
Height mm 1,650 (antenna)
Wheelbase mm 2,850
Track Front 1,600
Rear 1,610
Minimum Under Clearance* mm 180
Cabin length* mm 1,940
Cabin width* mm 1,515
Cabin height* mm 1,160 (Normal / Solar roof)
1,145 (Panoramic view moonroof)
Seating capacity 5
Driving Equipment Steering Rack Assist Type Electric Power Steering (EPS)
Suspension (Front / Rear) Strut-type coil spring / Double wishbone-type coil spring
Brakes (Front / Rear)
Operation Method
Ventilated disc / Ventilated disc
Cooperative hydraulic and regenerative braking
Driveline FWD 4WD
Transmission system Transmission eAxle
Reduction ratio 13.786
Motor Type AC synchronous motor
Format 1XM 1YM
Maximum output (front motor) kW 150 80
Maximum torque (front motor) N・m 266 169
Maximum output (rear motor) kW 80
Maximum torque (rear motor) N・m 169
Maximum output (system) kW 150 160
Maximum torque (system) N・m 266 337
Main Power Battery Type Lithium-ion Battery
Battery voltage per cell V 3.7
Capacity Ah 201
Battery cell number 96
Overall voltage V 355.2
Overall output kWh 71.4
Charging Performance AC charger maximum output kW 6.6
DC charging maximum output kW Max 150
Driving performance Acceleration performance (0-100 km/h)* seconds 7.5 6.9

Сите модели на Toyota што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=toyota

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Top Gear верува во Rimac Nevera: Награда за хрватскиот хипермобил

Автомобилите во ЕУ просечно стари 11,8 години, во Македонија над 20 години