за

Top Gear верува во Rimac Nevera: Награда за хрватскиот хипермобил

Само неколку недели откако GQ го именуваше за хиперавтомобил на годината, Rimac Nevera понесе титула на најдобар електричен автомобил со високи перформанси во изборот на Top Gear.

Најдобрите електрични автомобили во светот, според оцените на експертите на Top Gear, ги предводи Rimac Nevera. Британците го прогласија хиперавтомобилот со погон на батерија за најдобар во изборот за Electric Awards 2022.

Уредникот на магазинот Top Gear, Том Форд, зборува за победата: „Rimac Nevera вози поприродно и потечно отколку што ќе ве убеди набиената електрична спецификација. Тоа е најсуштинска, неверојатно импесивна мастер класа. Грешка е да се погледнат насловите и да се помисли дека тоа е сé, затоа што секогаш има една нијанса повеќе од тоа што можете да го замислите. Електричните хиперавтомобили се нова и различна сорта. Nevera, во овој момент, претставува врв.“

Rimac Nevera ја менува досегашната претстава за перформанси, технологија и дизајн. Хиперавтомобилот од следната генерација, со погон чисто на струја, на светот му покажа нови димензии на перформанси на автомобил што може да се регистрира за нормален сообраќај.

Моќноста од 1.914 КС ја произведуваат четири електромотори конструирани посебно за таа цел од Rimac. Спринтот до 60 милји на час трае само 1,85 секунда, а до сто милји на час (околу 161 km/h) минуваат само 4,3 секунди. Nevera неодамна беше прогласена за автомобил што забрзува најдобро, совладувајќи четвртина милја од место за само 8,582 секунди. Секако дека тоа е светски рекорд.

Хрватскиот автомобил е конструиран, развиен и изработен во земјата, а носи име според ненадејното летно невреме покрај хрватското крајбрежје. Исто како ветрот, Rimac Nevera се претвора од комфорен крстосувач за долги патувања во ултрамоќна возачка машина.

Мате Римац, извршен директор на групацијата Rimac, зборува за успехот: „Кога првпат го прикажавме суперавтомобилот со електричен погон Concept_One на салонот во Франкфурт во 2011 година, не постоеше конкуренција. Идејата за електричен автомобил со високи перформанси беше нечуена. Но, денес, со Nevera, присутни сме на пазаро тшто е полн од импресивни целосно електрични спортски автомобили, од некои од најголемите производители во светот.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возач на Tesla добил порака од сервис да го провери маслото

Електричната Toyota во мај стартува во Јапонија, од летово и во Европа