за

Корејска челичарница е можен нов сопственик на SsangYong

SsangYong му дава предност на конзорциумот KG да биде нов сопственик на компанијата.

Финансиски моќна групација е можен нов сопственик на корејскиот производител на СУВ-возила SsangYong. Во следните недели ќе се решава околу планот за иднината.

Компанијата SsangYong Motor му даде предност на конзорциумот KG да стане нов сопственик. Локалната групација на корејскиот производител на челик и хемиски концерн KG ќе ја презеде автомобилската компанија. Надлежниот суд во Сеул веќе даде одобрение за завршните преговори.

Конзорциумот KG се состои од бројни посестрински компании во концернот, меѓу кои KG Mobility, KG ETS, KG Steel, KG Inicis, KG Mobilians, како и приватните компании Cactus PE и Pavilion PE, во коишто конзорцимуот учествува.

SsangYong и консултантската компанија Ernst & Young (EY) во Кореја се решија за преземање во постапка што е наречена „Stalking-Horse“. Тоа следи откако се раскина претходната спогодба со конзорциумот Edison Motors Consortium, којшто не ги префли средствата во предвидениот рок.

Условен договор за инвестирање со конзорцимуот KG, како префериран понудувач, бил потпишан уште на 18-ти мај. По позитивното оценување на висината на сумата за преземање, плановите за финансирање и гаранциите, групацијата сега конечно доби потврда како префериран понудувач.

SsangYong до крајот на јули ќе разработи план за санирање, врз основа на условниот договор за инвестирање. За крајот на август, односно почетокот на септемв, планирана е доверителска и акционерска конференција, на којашто треба да се постигне официјална согласност на сите акционери.

Корејскиот специјалист за СУВ доби повеќе од 25.000 нарачки за неодамна претставениот нов модел Torres. Од пролетоска, SsangYong го има во понуда и електричниот Korando e-Motion. Со батерија од 61,5 kWh, компактниот СУВ постигнува досег до 339 километри. Torres исто така користи елеткричен погон. Продажбата во Европа се очекува да стартува кон крајот на следната година.

Вистински теренец SsangYong Torres доаѓа в година, погонот на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ не сака фосилни горива, но синтетски се во ред

Тркачки CD Peugeot од 1966 година вози викендов на Леман Класик