за ,

Yamaha ќе претстави автомобил на салонот во Токио

Производителот на мотоцикли Yamaha планира сериозно да влезе во автомобилскиот бизнис. Јапонците ќе прикажат нова студија на автомобил на претстојниот салон во Токио.

Јапонската марка Yamaha уште еднаш ги потврдува амбициите да влезе во автомобилскиот бизнис со студијата на спортски автомобил што ќе биде претставена на салонот на автомобили во Токио на 29-ти октомври. Освен нејасна слика што ја прикажува само силуетата на возилото, засега нема конкретни информации околу студискиот автомобил. Во секој случај се работи за компактен спортски двосед со класична погонска конфигурација, односно со мотор назад. Како што наведува Yamaha во најавата на салонот, намерата е да се прикаже автомобил што ги поседува типичните дизајнерски карактеристики на мотоциклите на марката.

Студијата на суперспортски автомобил на Yamaha од 1990-те
Студијата на суперспортски автомобил на Yamaha од 1990-те

Слични планови постоеја уште во почетокот на 1990-те години, но поради јапонската финансиска криза, тогашниот суперспортски автомобил со дванаесетцилиндарски мотор не доживеа реализација во сериското производство. Последен пат Yamaha изненади со студија на градски автомобил со електричен погон, на салонот во Токио пред две години. Според јапонските медиуми, сериската верзија на двоседот со име Motiv.е веќе e подготвена и од 2019 година ќе стартува со продажба и на европскиот пазар. Новиот студиски автомобил навестува дека е можно на градскиот двосед да му се придружат повеќе модели.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оваа постројка произведува дизел од јаглерод диоксидот во воздухот

Лондонскиот градоначалник е прв Британец што ќе вози Toyota на вода