за

Yamaha планира градски двосед во стил на Smart

Yamaha најави автомобил со големина на Smart чиешто производство ќе се одвива во Европа и ќе се ориентира според студискиот автомобил што беше претставен пред две години во Токио.

Јапонскиот производител на мотоцикли планира по повеќедецениски прекин да се врати во производството во автомобили, коишто првенствено ќе бидат наменети за европскиот пазар. Според изјавите на неименуван менаџер за агенцијата Ројтерс, Yamaha планира да започне со продажба на градското мини во 2019 година. Двоседот ќе се одликува со исклучително ниска потрошувачка на гориво и емисија на СО2, а покрај верзијата со бензински мотор со зафатнина од еден литар ќе се нуди и изведба со погон на струја.

За автомобилот на Yamaha ќе се изгради посебна фабрика во Европа. Од јапонската компанија уште не откриваат каде ќе биде лоцирана фабриката, ниту колкава е планираната инвестиција. Во натамошните чекори во проектот се предвидува автомобилите да се извезуваат во Јапонија и во другите азиски земји. Yamaha за последен пат беше во функција на автомобилски производител во 1960-те години, кога го произведуваше култниот родстер GT 2000 за Toyota.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen и Hyundai со најголем раст во продажбата

Audi воведе „столчиња“ за работниците во фабриката