XC60 е најпродаван Volvo, но големиот XC90 ги носи рекордите

Volvo е пред уште една рекордна година, со 473.528 продадени возила до декември. Најпродаван модел на шведската марка и натаму е вечниот XC60, но моделот што носи најголем поттик во продажбата е големиот XC90, првенствено со успехот на пазарот во САД.

Шведската марка е на пат да ја заврши и оваа година со нов рекорд, откако за единаесет месеци продаде 473.528 возила на светскиот пазар, за 7,4% повеќе отколку лани. Главната заслуга за растот во продажбата ја носи новиот Volvo XC90, но најпродаван модел и натаму е теренецот од средната класа XC90 – и тоа во осмата година по неговата премиера.

Volvo S60 Cross Country
Уникатниот „лимузински теренец“ S60 Cross Country привлекол 1.729 купувачи од почетокот на годинава

Кина, втор најголем пазар за Volvo по Западна Европа, носи раст во продажбата од 12,5%, со локално произведуваните Volvo XC60 и S60L, како најпродавани модели. Двоцифрен пораст има и во САД (+19,6%), кадешто за 11 месеци се продадени 72.597 возила. Бестселер е XC90, по него е XC60. Западна Европа донесе раст од 5,1 проценти во продажбата на Volvo, со позитивен тренд во Германија и Велика Британија. Најпродаван модел во регионот е XC60.

На глобално ниво, најпродаван модел до ноември е Volvo XC60 со 142.105 возила, по него е двојката V40/V40 Cross Country, трет е XC90 со 81.452 возила.

Ноември До ноември
Модел 2016 % промена 2016 % промена
C70 II 1 -92 %
S40 II 1 100 %
S60 CC 130 1 % 1,729 252 %
S60 II 1,981 -12 % 21,919 -34 %
S60L 3,594 18 % 31,147 34 %
S80 II 107 -88 % 3,060 -50 %
S80L 47 -98 %
S90 1,590 100 % 5,333 100 %
V40 7,167 -8 % 70,976 -3 %
V40 CC 1,903 1 % 18,781 -9 %
V60 4,478 5 % 36,814 -19 %
V60 CC 1,883 36 % 16,386 102 %
V70 III 196 -92 % 14,364 -42 %
V90 1,684 100 % 5,176 100 %
XC60 15,610 12 % 142,105 0 %
XC70 III 560 -81 % 23,310 -14 %
XC90 927 -56 %
XC90 II 7,872 16 % 81,452 159 %
Вкупно 48,755 -1 % 473,528 7 %

 

Претходна објаваЧетири светски метрополи ќе ги забранат дизелите до 2025
Следна објаваРСБСП: Најголеми грешки што возачите ги прават при возење во зима

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here