
Најголемиот производител на покриви за кабриолети гледа повторно заживување на продажбата на кабриолети. Покривите сочинуваат најголем дел од бизнисот на Webasto.
Добавувачот на автомобилската индустрија Webasato смета дека е прекинат долгогодишниот пад во продажбата на кабриолети. Според најголемиот производител на покриви за кабриолети, продажбата на овие возила речиси се преполови во последните три години, но се предвидува дека во следните години повторно ќе дојде до пораст на овој сегмент од пазарот.
Причина за драстичното намалување на уделот на кабриолети на пазарот е Кина, каде што возилата со отворена каросерија наидуваат на мошне слаб интерес. Според експертите, зајакнувањето на еколошката свест возачи може да доведе до промени во пристапот на Кинезите кон овие автомобили. Продажните статистики покажуваат дека спортските теренци во повеќето земји го презедоа уделот на кабриолетите во сегментот на спортски автомобили. Тоа може да се смени со најавата за првиот спортски теренец со кабриолет покрив за следната година.
Најголемиот дел од прометот од 2,5 милијарди евра на Webasto отпаѓа на покриви за кабриолети. Најважни пазари во овој поглед се САД, Англија, Германија и Холандија. Второто најголемо оперативно подрачје на германската фирма се системите за греење и ладење. Семејното претпријатие вработува околу 10.000 лица на глобално ниво, со три производствени погони во Германија.















