за

WAZUMA!!! Ова мора да е брзо!

Француска фирма произведува квадрицикли со мотор од Ferrari. Уште по името се насетува дека се работи за брзо возило – ексклузивниот модел се вика Wazuma V8F и чини најмалку 150.000 евра.

Во минатата година Wazuma V8F предизвика огромна сензација, и тоа не само со цената од 150.000 евра. Спортскиот квадрицикл вози со трилитарски мотор V8 од Ferrari и менувач од BMW М3. Моторот мобилизира 250 КС и притоа се справува со тежина од само 650 килограми. Крајната брзина: 241 километри на час.

Очигледно е дека екстремниот квадрицикл најде доволно купувачи, затоа што производителот сега ја нуди ексклузивната серија од овој модел со целосно име Wazuma V8F Matte Edition, по цена од 180.000 евра. Дополнителните 30.000 евра се плаќаат за возилото да биде лакирано и дотерано во стилот на Бетмобил. Производител е фирмата Lazareth од Франција. Нејзиниот сопственик Лудовик Лазарет има студирано изработка на прототипи на возила во престижната школа Espace Sbarro.

Основната верзија на Wazuma со ознака R1 е достапна по цена од 47.000 евра. Погонот е мотор од Yahama R1 со 100 КС. За 200.000 евра може да се добие и моделот Bio V12, со дванаесетцилиндарецот на BMW. Некој прашува зошто сево ова лудило? Затоа! Затоа што и за него има купувачи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel и Peugeot веќе се разделуваат?

Сега и Европа лансира автомобили на небото