за

Volkswagen вложува 10 млрд. € во фабрики за електрични автомобили во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез и шефот на Volkswagen, Оливер Блуме, зборуваа за улогата на Шпанија во електрификацијата на автмобилската индустрија.

Шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателот на управниот одбор на концернот Volkswagen, Оливер Блуме, на денешната средба во Мадрид го разгледуваа планот за вложување, којшто ќе придонесе за Шпанија да прерасне во индустриски центар за електрични возила.

Во рамките на средбата, Оливер Блуме и претседателот на SEAT S.A., Вејн Грифитс, разговараа со премиерот на Шпанија и со министерката за индустрија, трговија и туризам Рејес Марото. На средбата се разгледуваа поединостите на програмата за инвестирање во вредност од 10 милијарди евра. Програмата под името „Future: Fast Forward”, беше најавена лани, од концернот Volkswagen, од сопствениот огранок за батерии PowerCo, од шпанската посестринска компанија SEAT S.A. и уште 49 други партнери.

Volkswagen во рамките на шпанската програма PERTE за електрични и вмрежени возила ќе ги електрифицира своите фабрики во Марторел и Памплона, а ќе гради и гигафабрика за батерии во Сагунто.

Претседателот на управниот одбор на концернот Volkswagen го поздрави ангажирањето за автомобилската индустрија од страна на централната влада, како и на владата на Каталонија, на Валенсија и Навара.

Блуме и Санчез зборуваа и за неопходноста од соработка при преоѓањето на електрични возила и во изградбата на мрежата од полначи.

„Заедно со шпанската влада сакаме да ја потпомогнеме трансформацијата на Шпанија во европски центар за електромобилноста. Според нашите процени, инвестициите ќе помогнат емиисјата на СО2 да се намали за 2 милиони тони годишно и стопанството во земјата да се задвижи за 21 милијарди евра“, порача Оливер Блуме.

Со инвестициите на Volkswagen се обезбедуваат и 145.000 работни места. Очекуваните даночни приливи во висина од 2,4 милијарди евра ќе влијаат позитивно и врз шпанскиот систем за социјално осигурување.

Шпанија за возврат ќе се грижи за енергија и за испорака на суровини и компоненти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хибриден Kia Niro именуван за „Најдобар автомобил“ од Cars.com

Nissan Micra ќе стане електричен автомобил, близначка на Renault 5