за

Nissan Micra ќе стане електричен автомобил, близначка на Renault 5

Наследничката на Nissan Micra ќе ја развива и произведува Renault, со 80 проценти заеднички делови со електричниот Renault 5.

Тоа што Renault ќе го произведува моделот што ја наследува Nissan Micra претставува одличен пример, за тоа како сојузот на двата производители ќе дејствува во иднина, порачуваат од Renault-Nissan.

Renault ќе го развива и произведува моделот што ќе дојде на местото на Micra, со 80 проценти заеднички делови со идниот целосно електричен Renault 5. Тоа го изјави шефот на Renault, Лука де Мео, на настанот во понеделникот на којшто беше објавен новиот почеток на алијансата меѓу Renault и Nissan.

Новата структура на алијансата е договорена за двете страни да имаат корист, изјави Де Мео. Тоа не беше случај со старата Micra од фабриката на Renault во Флин, Франција, што „беше изнудено“ од Nissan, кажува шефот.

„Проектот не беше многу успешен“, открива Де Мео. „Трошоците, самиот автомобил, целата работа не беше добра. Тоа се случи затоа што Nissan беше присилен да прави нешто што не сака.“

Производството на Micra беше преселено од Индија во фабриката во Флин, за фабриките на Renault во Франција да работат порентабилно, со полн капацитет.

Наследничката на Micra ќе му обезбеди на Nissan влез во сегментот на малите електрични автомобили со исплатливи трошоци, вели Де Мео. „Предлогот е мошне конкурентен. Не го присиливме Nissan да направи нешто; тоа беше нивен избор“, кажува тој.

Renault R5 Concept

Новиот модел на местото на Micra ќе се појави во 2026 година. Тој ќе се произведува во фабриката на Renault во Дуе, на северот на Франција. Тоа е една од трите фабрики што ќе го сочинуваат индустрискиот комплекс ElectriCity на компанијата. Центарот ќе биде наменет за електрични возила и компоненти, вклучувајќи батерии. Renault во истата фабрика ќе го произведува својот целосно електричен Renault 5, којшто се очекува веќе в година.

Обновувањето на сојузот го убеди Nissan да додаде модел што инаку немаше да постои во нивната понуда, посочи оперативниот директор на Nissan, Ашвани Гупта, на настанот во понеделникот.

Nissan речиси се откажа од сегментот, но кога де Мео, „предложи автомобил на Renault да биде база за иконскиот модел на Nissan, ние ги убедивме нашите дизајнери и тимови“, кажува Гупта.

Nissan лани продаде 31.105 примероци од Micra во Европа. Во претходните генерации, моделот редовно надминуваше 100.000 продадени возила во регионот.

„Баравме каква корист има Renault, да ги понуди платформата и фабриката, и каква корист има Nissan од тоа што нема да инвестира во нов малечок електричен автомобил“, коментира Гупта. „Тоа се промените што ќе ги правиме за сите вакви проекти од висока важност“.

Производството на Micra заврши во минатата година во фабриката во Флин.

Произведувањето на Micra во Флин, каде што Renault го произведува и електричниот модел Zoe, не беше најдобра опција за Nissan. Од друга страна, пак, Renault го произведува Clio во Турција, заради скусување на трошоците, објаснува Де Мео. „Овојпат Micra ќе биде технолошки понапредна и на врвот е на нашата конкурентност, така што бројките се ОК“, додаде тој.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen вложува 10 млрд. € во фабрики за електрични автомобили во Шпанија

Електричен Fiat 500 во Италија за 299 евра месечен наем