за

Електричен Fiat 500 во Италија за 299 евра месечен наем

Во цената е вклучено сé, од осигурување до редовен сервис, а сега и бесплатно користење 1.600 полначи во земјата, плус полнач за дома.

Електромобилноста во светот функционира поради многу нешта, главно поради субвенциите, но и поради привилегиите во секојдневието. Fiat во Италија веќе извесно време нуди услуга на pay-per-use за својот електричен 500. Корисниците сега не мора да плаќаат ниту за полнење, па дури добиваат и полнач да го постават во гаража или пред зграда.

Користењето автомобил на база на месечна претплата, со сите трошоци и ставки веќе вклучени во ратата, масовно се шири на понапредните пазари. На италијанскиот пазар, Fiat дури нуди уште повеќе за корисниците на Fiat 500 со месечна претплата, по принципот на Pay-per-Use.

Тие ќе добијат e-Mobility Card, картичка со којашто можат да го приклучат својот електричен Nuova 500 на мрежа од повеќе од 1.600 полначи што се опфатени во услугата. Покрај картичката, се добива и електричен полнач за поставување во гаража или на паркинг пред зграда.

Месечната рата изнесува 299 евра, за период од 4 години. Во ратата е вклучено сé, осигурување, помош на пат, редовно сервисирање, заменско возило. Учеството изнесува 3.900 евра и тука нема разлика со класичното финансирање. Посебноста се состои во тоа што во ратата се вклучени 1.000 километри месечно. За секој километар над тоа, се доплаќа по 0,21 евро. Десет километри, две евра и десет центи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fiat Italia (@fiat_it)

Италијанската марка во посебна акција што трае до 28-ми февруари дополнително нуди бесплатно користење на мрежата од 1.600 полначи во целиот договорен период на користење од 4 години, плус поставување ѕиден полнач.

Услугата е наменета првенствено за возачки и возачи што не минуваат многу километри со своето возило, а фактот што бесплатниот лимит е поставен на 1.000 километри месечно, му гарантира на Fiat дека по истекот на 4 години ќе има на располагање релативно ново и сочувано возило со најмногу 48.000 километри, да го понуди како користено возило.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan Micra ќе стане електричен автомобил, близначка на Renault 5

Peugeot 408: Лавот е комплетен кога има купе-модел